Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УНИЦЕФ: Висока е цената што ќе ја платиме ако кризата со учењето не стане национален приоритет
Македонија

УНИЦЕФ: Висока е цената што ќе ја платиме ако кризата со учењето не стане национален приоритет

07/12/2023

AA

„Државата треба да биде сериозно загрижена од најновите резултати од Програмата на ОЕЦД за меѓународно оценување на учениците (ПИСА) коишто покажуваат уназадување во резултатите од учењето на учениците по читање, математика и природни науки.

„Резултатите покажуваат дека три четвртини (74%) од 15-годишните ученици во Северна Македонија имаат слаби резултати по читање; додека двајца од тројца ученици покажуваат ниски резултати по математика (64%) и природни науки (65%).

„Земјата со години се соочува со криза во учењето. Се очекуваше дека пандемијата ќе ја влоши кризата во учењето и дека децата во речиси секоја земја ќе постигнат пониски резултати во учењето. Новите резултати од ПИСА сега даваат цврсти докази за тоа во колкава мера се намалиле резултатите во учењето на учениците во нашата земја.

„ Сите во земјата треба да бидеме сериозно загрижени за овие резултати. Кризата во учењето е резултат на децениското несоодветно решавање на клучните структурни предизвици, недостатокот од континуитет во реформските процеси од страна на различни влади и на неуспехот да се насочи образованието кон реалните и индивидуалните потреби на учениците.

„Справувањето со кризата во учењето е одговорност на сите. Собранието, Владата вклучително и Министерството за образование и наука, но исто така и Министерството за финансии, општините, училишното раководство, наставниците и родителите треба да дејствуваат веднаш. Сега е неопходно сите политички партии да се обединат и веднаш да почнат посветено да ги решаваат овие долготрајни проблеми.

„Законодавците во Собранието треба да ја препознаат итноста на оваа состојба и да дадат приоритет на разгледувањето на амандманите на Законот за основно образование.

При разгледувањето на буџетот, Собранието треба да побара од Министерството за финансии да го зголеми финансирањето на образованието за да се подобри квалитетот и да се доближат јавните расходи на земјата за образование до просекот на ЕУ што е 4,9%.

„Новата формула за финансирање на основното образование сѐ уште се чека да биде усвоена од Владата. Формулата за финансирање има за цел да обезбеди доволно ресурси на општините за да ги задоволат основните потреби на учениците и да го подобрат квалитетот на средината за учење во училиштата. Владата, исто така, треба да даде приоритет на процесот на донесување нов Закон за средно образование со цел да се унапреди квалитетот и инклузивноста на средното образование.

„Општините мора да работат на консолидирање на училишната мрежа. Поради далекусежните демографски промени, карактеризирани со намален наталитет, миграција и зголемена урбанизација, некои училишта се пренатрупани, додека други се недоволно искористени, што понекогаш резултира во некои училишта да има повеќе наставници отколку ученици.

„Училишното раководство има клучна улога во обезбедувањето оптимална средина за учење за сите ученици. Од клучно значење е училиштата да работат во една смена за да се овозможат дополнителни часови за настава и воннаставни активности. Постојната практика да се прават повеќе, помали паралелки како прилагодување на зголемениот број наставници, треба да се замени со нивно ангажирање во дополнителни активности. На тој начин учениците ќе имаат можност да ги подобрат вештините за критичко размислување, решавање проблеми и креативност. Секој наставник е потребен , но кога се носат одлуките, училишното раководство треба да се води според најдобриот интерес на учениците. Во фокусот на училиштата секогаш треба да бидат децата, нивните индивидуални потреби, интереси и способностите на секое дете.

„Наставниците мора да создаваат можности учениците да го поврзат теоретското знаење со практичните искуства. За да се постигне тоа, наставниците мора да организираат практични активности, експерименти, проекти и да го користат искуственото учење за да им овозможат на учениците практични вештини и подлабоко разбирање на предметот. Квалитетот на наставата и стручноста на наставниците се фактори коишто имаат најголемо влијание врз резултатите на учениците. Оттука, за секој наставник мора да се обезбеди пристап до континуиран професионален развој за да биде во тек со новите педагошки пристапи и можности за унапредување на наставните вештини и практики.

„Родителите имаат клучна улога во поддршка на своите деца во учењето. Тие имаат големо влијание врз оформувањето на ставот на децата кон учењето и кон поттикнување на подобри образовни достигнувања.Истражувањата покажуваат дека децата чии родители се вклучени во секојдневните активности на детето дома (на пр. читање, цртање, следење на нивниот напредок во училиште) и се активни учесници во училишниот живот на детето (на пр. комуникација со наставниците за напредокот во учењето и однесувањето на детето и вклучување во училишни активности), имаат подобри резултати во образованието.

„Предолго време дозволуваме децата да заостануваат во читањето, математиката и природните науки. Многумина сега се млади возрасни лица, кои се запишуваат во високото образование или почнуваат да работат, а празнините во нивното знаење ќе излезат на виделина и тоа има своја цена. Тоа ќе има сериозни последици врз сегашните и идните генерации.

„Ситуацијата налага сите да се обединат сега. Децата не можат да чекаат. Образованието не може повеќе да чека. Справувањето со кризата во учењето мора да биде национален приоритет. Овие загуби не само што имаат негативно влијание врз децата денес, туку тие, исто така, ќе влијаат врз исходот во животот на децата и ќе го попречат економскиот развој на земјата во следните децении.

„Аспирациите на Северна Македонија за подобрување на економската конкурентност и забрзување на интеграцијата во Европската Унија се клучни за постигнување на посигурна, поотпорна, поодржлива и попросперитетна иднина за граѓаните. Тоа се важни национални приоритети и постигнувањето на овие цели во голема мера зависи од градењето здрава, висококвалификувана работна сила и од развојот на човечкиот капитал. Висококвалитетното и правично образование е една од најважните области за создавање нови можности и за подобар квалитет на животот за денешните и идните генерации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен најави модернизација и 10-годишни договори

14/02/2026

Ова е историски најголем буџет за одбрана издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години во Македонија. Благодарност

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица

13/02/2026

Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy