Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Унгарскиот кредит од половина милијарда евра легна на сметката на Министерството за финансии
Економија

Унгарскиот кредит од половина милијарда евра легна на сметката на Министерството за финансии

23/10/2024

AA

Унгарскиот кредит од половина милијарда евра е легнат на сметката на Министерството за финансии, потврдуваат од таму за „Фактор“. 

Половина од овие средства треба да се распределат за прифатените проекти со кои аплицираа општините. Владата соопшти дека одлучила оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини, со вкупна вредност од нешто над четири милијарди денари или околу 65 милиони евра. Овие средства се обезбедени од земениот унгарски кредит. Се очекува во наредниот период помошта за општините преку унгарскиот заем да достигне до 250 милиони евра.

Дел од парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите. Парите се очекува да бидат достапни за претприемачите  до крајот на годинава. Сумата треба да изнесува 250 милиони евра, а во овој период Министерството за финансии преговара со асоцијацијата на деловните банки за тоа нивните провизии за администрирањето да не бидат високи за бизнисите.

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во својата изјава во Будмпешта при потпишувањето на договорот.

Собранието донесе посебен закон за унгарскиот заем со кој се задолжува со 3,25 отсто каматна стапка и рок на отплата од 12 години.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41482
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300 милиони евра – Јавниот долг

15/02/2026

Само неполн месец откако државата се задолжи со една милијарда евра преку издавање на еврообврзница, Владата повторно ја разгледува опцијата

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец кон Шапка

15/02/2026

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy