Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УНГАРСКА КОМПАНИЈА ВЛЕГУВА ВО КОМУНИКАЦИСКИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА: Дали Орбан на ваков начин се наметнува како важен играч?
Економија

УНГАРСКА КОМПАНИЈА ВЛЕГУВА ВО КОМУНИКАЦИСКИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА: Дали Орбан на ваков начин се наметнува како важен играч?

01/08/2024

AA

Компанијата 4iG, блиска до унгарскиот премиер Виктор Орбан, влегува во комуникацискиот сектор во Македонија. 

Унгарската компанија 4iG ќе ги проучува можностите за влез во телекомуникацискиот сектор во Македонија. За тоа денеска во Будимпешта разговарале вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, и претседателот на компанијата Гелерт Јасаи.

Јасаи изразил силен интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија. Како истакната регионална ИТ и телекомуникациска компанија со докажана историја во поттикнување на дигиталната трансформација во различни сектори, оваа иницијатива е усогласена со стратегијата на ‘4iG Групацијата’ за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан.

Николоски изјави дека „воспоставеното искуство на 4iG Групацијата во телекомуникациската индустрија, комбиниранo со нејзината стручност во регионални рамки, може ефикасно да се искористи и на македонскиот пазар. Оваа иницијатива ветува значителни придобивки за двете страни, а може да биде поволна особено за граѓаните на Македонија, бидејќи и Македонија и 4iG Групацијата делат заедничка визија за поврзано и дигитално напредно општество“.

„Во однос на нашата амбиција за влез на македонскиот телекомуникациски пазар, во следните неколку недели ќе ја почнеме соработката со Владата на Македонија и нашата посветеност за овој процес да го формализираме во детали“, рекол Гелерт Жасаи по разговорите со Николоски.

4iG одамна котира на берзата во Будимпешта како една од посебно успешните компании.

4iG израсна од опскурност до водечка ИТ компанија во Унгарија за неколку години преку профитабилни државни нарачки. Европските медиуми кои пишуваат за случувањата во телекомуникацискиот свет велат дека таа е „совршен пример за тоа како новата деловна елита лојална на Виктор Орбан ја зајакна својата контрола во главните сектори на економијата“.

Најмоќниот унгарски олигарх и пријател на Орбан, Лоринц Месарош, го стекна мнозинскиот удел во компанијата во 2018 година преку неговата водечка холдинг компанија „Опус глобал“, која има огромно деловно портфолио од туризам, земјоделство, индустрија до енергија. Месарош го продаде мнозинскиот удел на својот деловен партнер Гелерт Јасаи, кој беше шеф на „Конзум“, компанија која подоцна се спои со „Опус“.

Пред неколку години 4iG се стекна мнозински удел во државната телекомуникациска инфраструктурна компанија Антена Унгарија преку зголемување на капиталот. Според податоците на нејзината веб-страница 4iG има 8.000 вработени.

Во 2022 година, 4iG Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE .

Под брендот – ONE, подружниците 4iG работи во Црна Гора и во Албанија. Неодамна 4iG потпиша меморандум со Египет за модернизирање на тамошната дигитална инфраструктура.

Европскиот платен ТВ-оператор Канал+ заедно со 4iG пред неколку дена лансираше брендирана услуга за стриминг во Унгарија, најнова во серијата меѓународни лансирања што ги вклучува и Австрија, Чешка, Словачка и неодамна Холандија.

Кинескиот „Хуавеј“ и 4iG потпишаа писмо со намери за воспоставување заедничка платформа за клауд услуги за унгарските компании и големите кинески и азиски компании во Централна и Источна Европа за време на посетата на кинескиот претседател Ши Џинпинг на Будимпешта во мај оваа година.

Уште лани медиумите во регионот пишувале дека Орбан го шири своето влијание на Балканот преку оваа компанија. 

Бугарскиот истражувачки портал BIRD пишува дека унгарските инвестиции двојно се зголемиле во албанската економија.  Во текстот стои дека Унгарија има големи планови за 2024 година. Според BIRD, Унгарија сака да се наметне како важен економски фактор во регионот. Се вели дека овие соработки се не само да создаваат профит, туку и политички мрежи. 

Тајната историја на омилената компанија на Виктор Орбан, е анализа која открива повеќе за компанијата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима

20/02/2026
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41686
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима од 500 до 800 прекршоци

20/02/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во синоќешното гостување на ТВ21, рече дека е горд на имплементација на новиот систем

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy