Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уловени крапови во Охридско – „Охрид SOS“ предупредува за прекршување на правилата
Македонија

Уловени крапови во Охридско – „Охрид SOS“ предупредува за прекршување на правилата

30/04/2025

AA

Фотографии од уловени крапови во Охридското Езеро вчера се појавија на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции. Според активистите на Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“, сликите ги направиле рибари ангажирани од концесионерот „Питон“, кој стопанисува со риболовната зона „Воска“, од Канео до Подмолје.

Спорното во конкретниот случај е што крапот е изловен во период на мрест кога тоа е строго забрането.

Согласно Риболовната основа за управување и користење на рибите и другите водни организми во риболовното подрачје Охридско Езеро донесена од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од минатата година, периодот на мрест на крапот е во периодот од април заклучно со јуни. А во Мерките за заштита на рибите и други водни организми во Законот за рибарство и аквакултура, член 37, став 1 стои дека „риболовот се врши во текот на целата година, освен во времето за забрана во периодот на природен мрест на рибите и другите водни организми“.

Според тоа, концесионерот го прекршил законот, изловувајќи крап во период во период на мрест кога тоа е забрането.

Од „Охрид SOS“ потсетуваат дека инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државни инспектори за земјоделство.

Со изведување на риболов во мрест, концесионерот воедно го прекршил и член 21 од Законот за заштита на природата, за што е доставена е претставка за вршење вонреден инспекциски надзор и до Управата за животна средина и до Државниот инспекторат за животна средина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
Македонија

РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО ИВА МИХАИЛОВА Се очекува Бугарија да ја

13/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА НЕЛЕГАЛНО ЈА НАПУШТИЛА МАКЕДОНИЈА Тошкоски очекува Бугарија да

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46148
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено време

13/10/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно и постудено, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува засилен до силен ветер од

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е што СДСМ работи со одредени

13/10/2026

Македонија очекува од Бугарија, како земја членка на НАТО и на Европската Унија, да ги испорача лицата што се бараат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy