
Украина изврши воздушен напад врз кримското пристаниште Феодосија
Украина изврши воздушен напад врз кримското пристаниште Феодосија, изјави во вторник командантот на украинските воздухопловни сили, откако гувернерот на Крим назначен од Русија изјави дека нападот предизвикал пожар во пристаништето на градот.
Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, на Телеграм објави дека во нападот бил уништен важен брод на руската морнарица, амфибискиот десантен брод Новочеркаск, но тој не обезбеди докази за тоа.
„Руската флота станува сè помала и помала! Благодарност до воздухопловните пилоти и сите што учествуваа во филигранската работа!“ – рече Олешчук.
Ројтерс наведува дека споменатите наводи во моментов е невозможно да се проверат.
Претходно во вторникот, Сергеј Аксјонов, рускиот гувернер на Крим, само рече дека украинскиот напад резултирал со пожар во пристаништето во градот, кој веднаш бил локализиран.
Сите релевантни служби за итни случаи се на терен“, објави Аксјонов на Телеграм.
„Ќе бидат евакуирани жителите на неколку куќи“, додаде тој.
Снимките објавени од неколку руски медиуми на Телеграм покажуваат силна експлозија и пожар над областа на пристаништето.
Во 2014 година Русија го анектира Крим, кој е меѓународно признат како дел од Украина.
