
УКИМ испадна од листата најдобри 2.000 универзитети во светот
Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје не се најде на листата на 2.000 најдобро рангирани универзитети во светот за 2025 година, објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).
На врвот на листата се универзитетите Харвард, МИТ и Стенфорд од САД, како и Кембриџ и Оксфорд од Велика Британија. Од регионот, Универзитетот во Белград е на 387. место и се смета за дел од најдобрите 1,9 отсто од светските високообразовни институции.
CWUR ги рангира универзитетите според неколку критериуми, меѓу кои: квалитетот на образованието, успехот на поранешните студенти, научната активност, публикациите и влијанието на истражувањата.
УКИМ неколку години по ред има сè послабо рангирање, што укажува на потребата од посериозни реформи во високото образование.