
УХМР со нова најава: Во сабота рекордни температури во Македонија
Во следните денови времето ќе се задржи многу топло, со високи температури. Утринските температури на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а во понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.
