
Угостителите до Нова година треба сами да си обезбедат свои контејнери – ќе се чистат по повик!
Угостителите до Нова година треба сами да си обезбедат контејнери за одлагање на отпад и на повик да се одлага нивниот отпад.
Ова го најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во интервјуто на ТВ Телма.
Како што вели, тука ќе нема толеранција кон никого.
„Штом ќе потпишат договор со „Комунална хигиена“, ќе бидат утврдени обврските и на коминтентот, но и на „Комунална хигиена“. Сите тие имаат дејност за која што наплаќаат од граѓаните. Од друга страна, граѓаните си плаќаат за уредно да го одлагаат отпадот во контејнери. Не може некој да биде држен во сива зона“, изјави Ѓорѓиевски.

