Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023
Македонија

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

31/05/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на триаголникот Политики-Финансии-Енергетска технологија за енергетска отпорност и зелена транзиција“.

Претседателот Пендаровски говореше на панелот „Мали земји – големи транзиции: енергетско лидерство во предизвикувачки времиња“, заедно со поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ.

Претседателот Пендаровски посочи дека малите држави тешко може да влијаат врз глобалната сцена и единствен начин да ги проектираат своите интереси надвор од сопствените граници е преку учество во меѓународните организации.

Во тој контекст, Претседателот ја истакна важноста од нашето членство во НАТО, потенцирајќи дека енергетиката е важен сегмент во севкупната безбедност, како и поддршката што ја добиваме од Европската Унија.

Претседателот посочи дека иако сме во процес на преговори за членство и сè уште не сме формална членка, ЕУ преку своите програми ја приклучи нашата земја кон паневропскиот енергетски пазар,  додавајќи дека исклучително важно за нас како мала земја која зависи од увоз на енергија, е да бидеме дел од енергетскиот пазар на континентот пред да станеме дел од Унијата.

На панел дискусијата Претседателот истакна дека глобалниот енергетски пазар е нарушен главно поради руската инвазија врз Украина и нема изгледи дека за брзо време ќе биде стабилизиран, посочувајќи дека војната во Украина истовремено ја забави и зелената транзиција. Тој посочи дека единствена шанса за малите држави е да имаат што е можно повеќе домашни извори на енергија и да бидат што е можно помалку зависни од увозот.

„Ние сме за жал се уште една високо зависна држава, со децении не е вложувано во нови енергетски капацитети, постојните капацитети што ги имаме не можат да го продуцираат својот максимум, бидејќи се истрошени и стари. Прво, мораме да ги зголемиме домашните автономни извори на енергија и второ, преку регионалните групирања, или иницијативи да влегуваме на пошироките пазари, во однос на енергијата и тоа скоро сите држави во регионот го прават. Конкретно за нас, зборувавме за ставање во функција на интерконекторот Грција – Северна Македонија“, истакна претседателот Пендаровски додавајќи дека со пуштање во употреба и на интерконекторот Грција – Бугарија, се отвора поголема можност за целиот наш регион.

Во дискусијата, претседателот посочи дека истовремено мора да се работи на јакнење на јавната свест за штедење на енергија, промена на навиките и на изнаоѓање на алтернативни обновливи извори на енергија, воедно потенцирајќи дека нашата држава во изминатите две години е лидер во растот на обновливи извори на енергија.

Нашите држави, посочи претседателот Пендаровски, мора да бараат да ги уживаат привилегиите од заедничкиот европски пазар.

„Многу е значајно како една симболична политичка порака до нашите граѓаните во регионот, кога доаѓа една ваква криза, како оваа што е предизвикана од руската инвазија врз Украина, или како претходната со Ковид-19, луѓето да разберат дека ние сме де-факто членки на ЕУ, Брисел кон нас да се однесува како да сме де-факто членки, а не да каже – ќе ги имате овие привилегии на заедничкиот европски пазар, или енергетски пазар, откога ќе станете земји-членки“, апелираше претседателот.

Тој заклучи дека државите од Западен Балкан, самостојно со своите внатрешни ресурси, не можат да ги решаваат овој тип на проблеми и мораат да бидат дел од ЕУ, посочувајќи дека за жал интересот на Брисел во изминативе години драстично опадна за нашиот регион, а тоа предизвика пад на поддршката и зголемување на евроскептицизмот кај граѓаните од нашите држави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен најави модернизација и 10-годишни договори

14/02/2026

Ова е историски најголем буџет за одбрана издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години во Македонија. Благодарност

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица

13/02/2026

Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy