Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Учениците од денеска на пролетен распуст, наставата продолжува на 7 мај
Македонија

Учениците од денеска на пролетен распуст, наставата продолжува на 7 мај

29/04/2024

AA

Учениците од основните и средните училишта од денеска, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен за прв пат во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

„Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците“, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО ПОПРАВЕН ДОМ СЕ УПАТЕНИ ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЧКИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

11/11/2026
Македонија

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Избрани се

11/11/2026
Македонија

ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На

11/11/2026
Македонија

ВНИМАНИЕ, ПАК СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата

11/11/2026
Македонија

СЕ ОБИДУВАЛА ДА ЗАПАЛИ ОГАН СО БЕНЗИН, ПА СЕ ЗАПАЛИЛА

11/11/2026
Македонија

ИЗБЕГНАЛЕ ДАНОК ОД НАД 377.000 ЕВРА Подигале пари од фирма,

11/11/2026
Македонија

📷 СИЉАНОВСКА НА ВЕЧЕРА ВО ЕЛИСЕЈСКАТА ПАЛАТА Макрон и Брижит

11/11/2026
Македонија

ВЕШТАЧЕЊЕТО НАРАЧАНО ОД ОДБРАНАТА НА ГАЗДА ДЕКО Е „ИНЖЕНЕРСКА АЛХЕМИЈА“,

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46727
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО ПОПРАВЕН ДОМ СЕ УПАТЕНИ ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЧКИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Казнети се за малтретирање 13-годишно

11/11/2026

На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров им е изречена мерка

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Избрани се и останатите членови на раководството

11/11/2026

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора. Тој е избран со 63

ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На рочиште за „Лотарија на Македонија“

11/11/2026

Со испитување на вештото лице д-р Анита Поповска, по професија економист, денеска, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy