Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место
Економија

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

29/04/2024

AA

Инспекцискиот
совет воспоставен како меѓуресорско
тело за координација на инспекциските служби, во 2010 година, прерасна во
самостоен државен орган во 2014 година, чија надлежност е следењето и
координацијата на работењето на инспекциските служби на централно ниво. Деновиве
во Собрание пристигна годишниот извештај на ова тело, кое ги открива нивните
планирани и реализирани проекти, но и платите на вработените.

Грубата
математика покажува дека бруто приходите по вработен во Инспекцискиот совет
изнесувале околу 2.300 евра во текот на изминатата 2023 година.
Како што пишува
во нивниот извештај, минатата година имало 13 вработени лица, а вкупните
трошоци за нив достигнале 22.844.695 денари за плати и надоместоци. Кога оваа
сума ќе се подели по лице, и за секој месец посебно, излегува дека за плати месечно
се трошеле скоро 31 илјади евра.

Во текот на оваа
година, приходите на вработените во институцијата ќе пораснат уште повеќе,
бидејќи за плати и надоместоци се планираат 26.348.000 денари, што покажува
дека оваа година по вработен бруто трошоците ќе достигнат 2.740 евра.

Сепак, јасно е
дека дел од вработените, особено претседателот и оние на раководни позиции
земаат поголеми плати, а со тоа останатите вработени добиваат пониски плати од
пресметаните.

– 
Вкупниот
буџет за 2023 година на Инспекцискиот совет, изнесуваше 52.592.000 денари. Во
текот на годината, буџетот е намален на 30.482.000 денари, по барање на
Советот, за износот од 13.932.000 денари
од причина што реализацијата на
планираната активност за развој на процесот на инспекцискиот надзор на системот
Е-инспектор (трета фаза, вклучување на останати служби) ќе зависи директно од
процесот на реорганизација и оптимизација на инспекциските служби кој се одвива
како дел од сеопфатниот процес на реорагнизација на јавната админситрација и
овие останати служби ќе бидат предмет на вклучување во електронскиот систем Е-
инспектор. Советот нема оправданост да започне постапка за јавна набавка на
останатата опрема – се појаснува во годишниот извештај на Инспекцискиот совет доставен
во Собранието.

Во него се додава
дека буџетот од 30.482.000 денари е реализран со 91.44 отсто, односно
реализрани се 27.871.565 денари и тоа 22.844.695 денари за Плати и надоместоци
на вработените, 4.296.033 денари за Стоки и услуги и 730.837 денари за
Капитални расходи.

– 
Во
2024 година Инспекциски совет ќе располага со буџет од 40.551.000 денари,
согласно Буџетот на РСМ за 2024 година распределен на соодветни групи на
расходи.
Одобрените средства ќе бидат доволни за трошоците за редовно работење
на Советот, доразвивање на системот „Е-инспектор“, како и за одржување и
хостирање на системот и платформата за е-учење ЛМС – пишале инспекторите.

Меѓу другото е
нагласено дека „од исклучително значење за постигнување на резултатите од Годишниот
план за работа, беше зајакнувањето на Советот и особено неговото место во
инспекцискиот систем на државата“. Притоа се посочува дека биле планирани вработувања
на стручни административни службеници, бидејќи остварувањето на целите и приоритети
на Советот се во директна зависност со бројот на службеници вработени во
стручно – амдинситративната служба.

– 
Бројот
на службеници вработени во службата, заклучно со 31.12.2023 година, изнесува 13
( од кои 2 во мирување) од предвидените 38, односно 34,2 проценти
– се посочува
во извештајот.

Во извештајот е
посочено дека минатата година стручната служба на Советот е зголемена за три
работни места и истите се пополнети со спогодби за мобилност преку трајно
преземање на вработен од друг орган, еден советник и два помлади соработници. Исто
така, биле спроведени четири постапки на пополнување работни места преку
унапредување, и тоа еден админситративен службеник од работно место „советник“
на работно место „раководител на одделение“ и унапредување на три административни
службеници од работно место „помлад соработник“ на работно место „советник“.

Но, минатата
година со спогодба за мобилност преку трајно преземање на вработен, од Советот
е преземен еден советник во друга институција, додека двајца службеници –
советници, по нивно барање престанале со работа. Двајца административни
службеници се со статус „мирување“ бидејќи еден е Претседател на Инспекцискиот
совет, а другиот е назначен за Генерален секретар.

Од Инспекцискиот
совет нагласуваат дека иако на седница на Влада е одобрено едно вработување –
Виш референт за водење регистри, за истото не е добиена согласност за
обезбедени финансиски средства за 2024 година од страна на Министерството за
финансии.

– 
Јасно
е дека со ваков потенцијал на човечки ресурси, не може да се очекува успешно
спроведува на законските надлежности и обврски на Советот и ваквата состојба со
недоволната екипираност влијае врз ефикасното и навремено извршување на
надлежностите на Инспекцискиот совет
, особено функциите за координирање и следење
на работата на инспекциските служби – нагласуваат од Советот.

П.О. 

Фото: Scott Graham on Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45757
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна

23/09/2026

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски беше гостин во емисијата „Колегиум“, на телевизија Алфа и се осврна на темата за поранешниот

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy