Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уапсени двајца битолчани во Грција кои сакале на див премин да пренесат патник со забрана за влез во ЕУ
Магазин

Уапсени двајца битолчани во Грција кои сакале на див премин да пренесат патник со забрана за влез во ЕУ

02/03/2024

AA

 

Грчки локални медиуми јавуваат дека двајца странци на возраст од 42 и 46 години, вчера напладне, се уапсени од страна на полициски службеници на Одделот за безбедност во Лерин поради нелегален превоз на друг странец на див премин на границата Македонија – Грција.

Од наши извори дознавме дека станува збор за двајца битолчани, од кои едниот бил од Битола, а другиот со место на живеење во село Егри, битолско. Неофицијално, двајцата битолчани превезувале девојка, која имала забрана да патува во земјите на Европската унија.

Порталот  „Нова Флорина“ пишува: „Во контекст на насочени полициски проверки за идентификување на лица кои се активни во илегалната трговија со странци, горенаведената полиција откри, на подрачјето на Лерин, И.Х.Е. автомобил со 46-годишен возач и 42-годишен совозач и во проверка која била извршена било констатирано дека нелегално превезувале 23-годишен странец, кој претходно илегално влегол во државата, за паричен надомест“, пишува грчкиот медиум.

Според објавата „одземени се автомобилот што се користи за превоз, три  мобилни телефони и сума од педесет евра.“

Прелиминарна истрага за случајот е поведена од страна на Одделението за безбедност Лерин, а уапсените со кривичната пријава против нив се спроведени кај обвинител во Лерин. (А.Б.)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy