
Уапсен главниот организатор на хаосот кој доведе до убиство на навивачот на АЕК
Како што објави грчки „Њусит“, организаторот на хаосот кој е навивач на Панатинаикос бил уапсен во својот дом во Гиза, а полициски службеници ја претресуваат неговата куќа. Тој бил идентификуван и посочен како главен организатор на нередите во Нова Филаделфија.
Инаку по навивачот на Панатинаикос беше распишана потерница, а тој заедно со уште други приврзаници на ПАО биле заедно со загрепските Бед Блу Бојс во хаосот против навивачите на АЕК, кога Михалис Кацурис беше брутално убиен.
Грчката полиција сѐ уште врши идентификација на најодговорните кои го убиле Кацурис, па сѐ уште е во тек истрагата, додека преку 90-те хрватски навивачи кои се уапсени се во истражен затвор.
