
УАПСЕН Е СРБИН: Време е за нов истрел на Гаврило Принцип директно во главата на окупаторот Кристофер Хил
Уапсен е српски граѓанин кој се заканувал на американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил.
Во Белград е уапсен 50-годишниот маж С.Б. поради заканите за убиство на американскиот амбасадор Хил, потврди за Танјуг главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ.
Уапсениот на социјалната мрежа Фејсбук меѓу другото напишал „Време е за нов истрел на Гаврило Принцип директно во главата на окупаторот Кристофер Хил“.
Осомничениот се товари дека сторил кривично дело Загрозување на лице под меѓународна заштита. Во рок од 48 часа тој ќе биде донесен на распит во обвинителството.
Во 2021 година, лице во Косово испратило мејл до американската амбасада во Приштина со смртни закани, по што доби 10 месеци затвор.
