Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уан мен шоу! Кој е кумановецот чии фирми лани направија приход од 124  милиони евра?
Економија

Уан мен шоу! Кој е кумановецот чии фирми лани направија приход од 124 милиони евра?

16/05/2023

AA

Еве можело. Еден кумановец преку директно управување и посредно менаџирање на своите четири фирми лани успеа да направи агрегатен приход што надминува 124 милиони евра. Дури три од неговите фирми се во петте најголеми компании во најголемата македонска општина – единствена што има повеќе од 100.000 жители. 

Каранфиловски упорно докажува дека и во Македонија и не е се така црно, лошо, корумпирано, неспособно и партиски зависно… Има и такви кои имаат визија, знаење, енергија и вештини да водат фирми кои прават големи пари за наши услови. Навистина треба да си калибар за да ја засениш целата бизнис елита во најголемата општина во Македонија. Да контролираш директно и посредно четири фирми и нивниот кумулативен приход да надминува 120 милиони евра. И при тоа да не се сликаш со политичари, министри, премиери и амбасадори.

Тоа е дострел на кој „се влажнат“ многумина менаџери или бизнисмени во земјава. Но ретко кој е калибар да оствари таков таргет. Иако во бизнис круговите знаат за кој се работи, овој кумановец за жал е анонимен за општата македонска јавност на која редовно и во големи дози и се сервира само дневна политика.

Тони Каранфиловски е менаџер и сопственик на неговата матична „хенд мејд“ фирма „Квалитет пром“, а е косопственик со братот Дејан во „ДЕТ ОИЛ“. Преку овиe две фирми одлучува и за деловните потфати на ФЗЦ „11 Октомври“ Куманово и за „Рапид Билд“. Лани неговата работа во четирите фирми оствари приход што надмина 124 милиони евра.

Воедно и на листата на напрофитабилни кумановски компании (тие што имаат добивка поголема од 1 милион евра) две се на семејството Каранфиловски, а меѓу најдобитните лани е и позната месна индустрија „Мега“ која се врати во нормала по силната оркестрирана хајка со политички примеси од пред неколку години. На листата најдобитни е и најголемата кумановска индустрија за производство на млечни производи.

Генерално листата на најголеми кумановски компании покажува дека овој голем македонски град има силна и разноврсна индустрија, но и силни компании од услужните дејности.

НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО КУМАНОВО (според приход во 2022 година)

НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО КУМАНОВО (според профит во 2022 година)

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy