Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УАКС: Од визија до влијание – две децении кои го обликуваат образованието во Македонија
Економија

УАКС: Од визија до влијание – две децении кои го обликуваат образованието во Македонија

10/05/2025

AA

Денес, со свечен настан на Универзитетот
Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот –
20 години УАКС. На настанот се обратија претседателката на одборот на директори
и проректор за настава на УАКС, проф. д-р Венера Крлиу како и ректорот на УАКС
проф. д-р Марјан Бојаџиев.

Како што беше
истакнато, препознатливо за УАКС е тоа што е приватна образовна инстутуција
која го комбинира најдоброто од европските и американските образовни стандарди
и ги следи највисоките светски стандарди на академска извонредност, што
резултира во кадар со интегритет, професионализам и позитивно влијание во
општеството.

Американ, како што посочија говорниците,
се заснова на визијата за високо образование кое трансформира преку знаење,
образование кое гради карактери и кое создава идни лидери кои понатаму ќе
придонесат за развој и на општеството, и на државата.

Во изминатите 20 години, како што беше
посочено на настанот, УАКС успева да постигне одлични резултати: денес тоа е
институција која вработува или ангажира над 250 луѓе академски и
административен кадар од земјата и од странство и која во своето портфолио има
17 додипломски и 33 постдипломски програми, како и 3 програми со двојни
дипломи. Воедно, УАКС е единствениот приватен универзитет со акредитирани
докторски програми.

На настанот беа презентирани дел од достигнувањата
на УАКС, како што е и бројката од 8.450 студенти кои своето образование го
формирале на 6-те активни Факултети на УАКС, како и 4.200 алумни кои се успешни
луѓе и даваат придонес во бизнис секторот, институциите и во граѓанското
општество.

Беше потенциран и академскиот успех
постигнат од страна на академскиот кадар на УАКС и тоа издадените над 1300
истражувачки трудови и книги. Исто така, беше посочено дека УАКС има
реализирано 158 меѓународни соработки, има 70 Еразмус+ партнери, ангажира и
33-ца странски професори.

Обраќајќи се кон присутните, ректорот Бојаџиев
истакна дека работењето на УАКС е водено од принципите кои беа и останаа исти
низ годините: меѓународен академски кадар, меѓународни студенти и меѓународни
наставни програми, учебници и материјали. Воедно, тој посочи дека успешната
приказна на Американ продолжува.

Како што истакна пак проф. д-р Венера
Крлиу, еден од поголемите успеси вброен во достигнувањата во изминатите 20
години е и создавањето на Американската Гимназија Скопје која успешно работи и
се развива веќе 8 години.

Таа, исто така посочи дека сите
постигнати успеси се благодарение, пред сѐ на луѓето на Американ кои се едни од
најпосветените луѓе во секторот образование во државата: “Денес Американ е
универзитет каде што луѓето се најважни и се тајната состојка за успех. Секоја
идеја што се реализирала, секој студент што дипломирал, секој проект што
постигнал успех – е резултат и на вашиот личен влог и на заедничката работа.
Резултат на доверба. На посветеност. На вредностите што ги споделуваме.”
подвлече проф. Крлиу.

Изразувајќи благодарност кон тимот на
УАКС, проф. д-р Венера Крлиу истакна дека изминатите 20 години се доказ дека
кога визијата е искрена, кога тимот е обединет и кога она што се работи, се
работи со срце – тогаш резултатите се неизбежни.

“Затоа ова не е само јубилеј што го
бележиме со бројка – ова е приказна испишана со посветеност, визија и пред сè –
со луѓе. Денес не славиме само минато – туку славиме и иднина. Затоа, ве
уверувам дека приказната на Американ продолжува. А најдоброто следи.” – рече
проф. д-р Венера Крлиу.

ПР објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy