Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Турција воведе казни за патници кои стануваат од седиште пред да застане авионот
Македонија

Турција воведе казни за патници кои стануваат од седиште пред да застане авионот

22/05/2025

AA

Патниците што патуваат кон или низ Турција и ги откопчуваат безбедносните појаси или стануваат од седиштето пред целосно да застане авионот, отсега ќе се соочуваат со парични казни, согласно новата регулатива на Турската управа за цивилно воздухопловство.

Законот, кој стапи на сила на почетокот на мај, е воведен со цел зголемување на безбедноста при слетување. Како што информираат турските власти, при контроли и инспекции било утврдено дека голем број патници не го почитуваат правилото за останување во седиште сè до целосен престанок на движењето на авионот, па дури и отвораат багаж пред дозвола од екипажот.

Иако регулативата не ја наведува точната сума на казната, турската телевизија Халк ТВ објави дека изнесува 2.603 турски лири, односно околу 60 евра.

Казна ќе може да се изрече и на патници кои по исклучување на знакот за појас брзаат кон излезот, без да ги почекаат патниците од редовите пред нив. Авиокомпаниите кои нема да обезбедат спроведување на овие правила, исто така може да бидат санкционирани.

Туркиш ерлајнс веќе ги информираше своите стјуардеси и персонал за новите обврски и процедури, јавуваат турските медиуми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТРУШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ

13/02/2026
Македонија

Случај Онкологија: Одбраната вели се постапувало правилно – „Ова што

13/02/2026
Македонија

OJO оформи предмет за енормно загадување на водата за пиење

13/02/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на стариот пат Скопје – Тетово, автомобил излета

13/02/2026
Македонија

„Празнувај со срце, вози со разум“: Апел до граѓаните за

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ОВОЗМОЖИЈА ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА НИВА? Потребна

13/02/2026
Македонија

САД И MAKEДОНИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕЦИПРОЧНА, ФЕР И ИЗБАЛАНСИРАНА

13/02/2026
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41404
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy