Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Три причини зошто Ким Џонг-ун и Владимир Путин сакаат да станат пријатели
Македонија

Три причини зошто Ким Џонг-ун и Владимир Путин сакаат да станат пријатели

19/09/2023

AA

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска ја напушти Русија, каде помина една недела и се сретна со претседателот Владимир Путин. Двете нации можат да бидат корисни еден за друг, и имаат голем број заеднички интереси и проблеми, од заеднички непријатели до потпирање на Кина, пишува Би-Би-Си и објаснува зошто Путин и Ким Џонг-ун сакаат да станат пријатели.

И двајцата сакаат нешто еден од друг

Прво, и двајцата сакаат нешто еден од друг. Северна Кореја може да обезбеди артилериска муниција и друго оружје што и е потребно на Русија за нејзината војна во Украина.

Што се однесува до Северна Кореја, годините затворени граници и строги санкции доведоа до сериозен недостиг на храна, гориво и пари. Азиската земја, исто така, може да побара од Русија чувствителна технологија за подобрување на своето нуклеарно оружје.

Тие имаат заеднички непријател

Второ, тие имаат заеднички непријател – Западот и Соединетите Американски Држави. И Русија и Северна Кореја се под меѓународни санкции, и двете се соочуваат со одреден степен на меѓународна изолација. Во случајот на Русија, војната против Украина ја забрза оваа ситуација, но сето тоа започна уште порано. Инцидентите како труењето во Солсбери, кога Русија се обиде со отров да го убие поранешниот агент Сергеј Скрипал, кој почна да соработува со британските служби, предизвикаа реакција на Западот.

Откако пропаднаа преговорите меѓу тогашниот американски претседател Доналд Трамп и Ким Џонг-ун во 2019 година, Северна Кореја е практично отфрлена од меѓународната заедница. Севернокорејците со вознемиреност гледаа како САД ја зајакнуваат соработката со Јужна Кореја и го прошируваат своето воено присуство во Азија.

Кина

Причина број три – Кина. Поради меѓународните санкции Русија е се позависна од Кина. Дали звучи познато? Северна Кореја, исто така, се повеќе се потпира на Кина и не е особено среќна поради таа зависност. Секогаш е добро да имаш повеќе од еден пријател.

Без разлика дали ќе се постигне договор за испорака на оружје, Русија преку преговори со Северна Кореја им испраќа порака на САД дека Москва сама ќе ги избере пријателите и дека никој не може да влијае на тоа. Од друга страна, Пјонгјанг јасно испраќа предупредување до Јужна Кореја да не се приближува премногу до САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
Македонија

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца

15/02/2026
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ДОЖДОТ: Евакуирани 180 кичевчани, драма во Гостивар

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41495
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Нема причинa да ги критикуваме Израел и САД за нападот врз Иран

23/06/2025

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран. „Нема причина

Трамп: Никој не треба да ги зголемува цените на нафтата!

23/06/2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy