Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Tрговските тензии се намалија – пазарите воздивнаа
Економија

Tрговските тензии се намалија – пазарите воздивнаа

30/04/2025

AA

Изминатата недела беше позитивна за инвеститорите, бидејќи сите главни берзи се опоравија по период на нестабилност и ја завршија неделата во зелено. Акцискиот индекс MSCI World беше во плус дури 4,41%. Растот на цените на акциите главно беше резултат на подобрите квартални резултати од европските и американските компании и ублажувањето на реториката во трговскиот спор меѓу САД и Кина.

Цените на акциите на американските пазари нагло скокнаа минатата недела. Инвеститорите беа воодушевени од извештаите за можно ублажување на трговските тензии меѓу САД и Кина и навестувањата за непосредни договори со други трговски партнери. Расположението дополнително го подобри претседателот Доналд Трамп, кој ги ублажи своите изјави во врска со евентуалното разрешување на претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел. Минатата недела, Трамп изрази незадоволство од насоката на монетарната политика, за која смета дека ги намалува каматните стапки премногу бавно, и наговести дека има моќ да го отстрани претседателот на ФЕД. Неговото отстранување би бил многу неочекуван потег што би можел да ја поткопа довербата во независноста на американската централна банка, да предизвика нестабилност на финансиските пазари и да ги зголеми трошоците за позајмување. Трамп потоа во вторникот изјави дека нема намера да го отпушти Пауел, но во исто време продолжи да ја критикува неговата работа.

Покрај макроекономските фактори, позитивниот момент на пазарите беше поттикнат и од објавените квартални корпоративни извештаи. Според „ФактСет“, 73% од компаниите што објавија резултати до петок ги надминаа очекувањата на аналитичарите. Кварталните резултати на „Тесла“ беа значително под очекувањата, но цената на акциите сепак скокна за 5%. Инвеститорите беа уверени од извршниот директор Илон Маск, кој вети дека ќе посвети повеќе време на водењето на компанијата, а помалку на работата во администрацијата на Трамп и нагласи дека Тесла постигнува добар напредок во развојот на хуманоидниот робот Оптимус и плановите за поевтини, целосно самоуправувачки автомобили. Меѓу големите технолошки компании, инвеститорите беа импресионирани од „Алфабет“ (Google), која изненади позитивно со кварталните резултати во четврток – приходите и профитот ги надминаа очекувањата на аналитичарите, а компанијата објави и откуп на акции во вредност од 70 милијарди долари и зголемување на исплатите на дивиденда.

Позитивниот момент од САД се прошири и во Европа, каде што централноевропскиот индекс STOXX 600 доби вредност од 3,09%. Пазарите регистрираа пораст на цените на акциите втора недела по ред и покрај неуспешните преговори за евентуален крај на војната во Украина и предупредувањата за успорување на економската активност. Главниот економист на ЕЦБ Филип Лејн, предупреди дека трговската неизвесност може да го намали растот во еврозоната, но рече дека не се очекува рецесија поради дисперзираните трговски текови. Во меѓувреме, германската влада ја намали прогнозата за економски раст за 2025 година на 0% поради влијанието на американските царини врз извозот, а претседателот на германската централна банка (Бундесбанк) Јоаким Нагел, предупреди дека трговските тензии би можеле дури и да доведат до мала рецесија. И покрај неизвесноста, композитниот PMI индекс (анкета за деловната активност во услужниот и индустрискиот сектор; вредностите над 50 укажуваат на раст) за еврозоната остана на 50,1 во април, што укажува на слаб, но сепак присутен раст.

Азиските берзи исто така, забележаа раст на цените на акциите. Во Јапонија, индексот Топикс порасна за 1,77% и покрај тоа што инфлацијата во областа на Токио скокна на 3,4% во април, зајакнувајќи ги очекувањата за понатамошно зголемување на каматните стапки. За да ги ублажи ефектите од американските царини, јапонската влада веќе објави пакет мерки за поддршка на извозно ориентираните индустрии. Во Кина, пазарите се опоравија со надеж за дополнителни владини стимулации откако Политбирото објави мерки за заштита на економијата од надворешни шокови, вклучително и дополнителна поддршка за технолошкиот развој и потрошувачката. И покрај воведувањето на високи американски царини, аналитичарите проценуваат дека Пекинг сè уште има доволно простор за маневрирање за воведување нови фискални мерки. Во Јужна Азија, тензиите меѓу Индија и Пакистан повторно се зголемија по терористичкиот напад во Кашмир во кој загинаа 26 туристи. Двете земји презедоа дипломатски мерки, но аналитичарите проценуваат дека засега не се очекува поголема ескалација, бидејќи Пакистан е фокусиран на спроведување програма за фискална консолидација под покровителство на ММФ, додека Индија е фокусирана на трговски преговори со САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy