Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРЕТИНА ОД ПОПУЛАЦИЈАТА, НАЈВРЕДНАТА, Е НАДВОР Одливот на младите високообразовани луѓе ќе остави големи последици
Македонија

ТРЕТИНА ОД ПОПУЛАЦИЈАТА, НАЈВРЕДНАТА, Е НАДВОР Одливот на младите високообразовани луѓе ќе остави големи последици

27/02/2026

AA

 

Одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Таа денеска присуствуваше на на Економскиот факултет при УКИМ, нс презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа.

– Живееме во простор од којшто си заминуваат најдобрите, простор на brain drain, а не на brain gain. Mорам да бидам самокритична и да објаснам каде ја гледам најголемата пречка за цветањето на најдобрите на овие простори, како припадници на епистемолошка заедница. Таа во себе ги вклучува: креаторите на политиките, најактивните во policy-процесот, а не во politica-процесот: академската заедница, членовите на тинк-тенковите, новинарската аналитичка и истражувачка фела и културните дејци. Тие се оние кои анализираат, критикуваат и креираат. Сметам дека епистемолошката заедница оневозможува луѓе со скромно знаење и високи титули да го имаат главниот збор во државата. Најголемиот проблем во нашиот научно-образовен простор е што виреат многу универзитети и факултети, што се фабрики за дипломи, но малку фабрики за знаење. Има широк простор за просечните, но малку простор за најдобрите и најкритичните – рече таа.

Битката за најдобрите е најтешката, ама и најважната за да се биде дел од европскиот простор, додаде претседателката.

– Надвор, најдобрите лесно се интегрираат во европската, американската или која било заедница, оти знаењето лесно се препознава и веднаш се вреднува. Нашите млади и нашите компании често се разминуваат: младите се без работа, компаниите без профит, а државата без луѓе – рече Сиљановска Давкова.

Неодамна, додаде, на Меѓународната паневропска конференција, со право беше потенцирано дека нашата земја и регионот континуирано ја финансираат Европската Унија.

– Македонските граѓани преку даноците го финансираат образованието на младите, а кога доаѓа моментот за вклучување на пазарот на трудот, тие одат во поразвиените европски држави, коишто имаат полза од скапо стекнатите знаења и вештини. Ова ми личи на експолоатација на рудник од непроценилва вредност од странски концесионер. Моделов на извоз на најдобрите и највредните, во реалноста остава длабоки демографски лузни, како и вакуум во знаењето. Одливот на најдобрите има голем притисок врз регионот, вклучувајќи не и нас зашто третина од популацијата, највредната, е надвор. Соочени сме со низок наталитет и забрзано стареење. Проекциите се алармантни, до 2070 година ризикуваме од сегашните 1,8, нашата популација ќе се сведе на 1,2 милион жители. Тоа ќе има негативен одраз не само врз македонската економија, туку и врз социјалниот, здравствениот, пензискиот систем и другите системи – рече Сиљановска Давкова.

Ние имаме повеќе магистри и доктори на науки, по глава на жител од многу развиени држави, што би требало да резултира со економско чудо, но ние сме познати по масовен извоз на умови, додаде.

– Затоа, сметам дека е потребно храбро преиспитување на бројот и состојбата на нашите високообразовни институции, односно генерална реакредитација – посочи таа.

Се согласувам дека нема ниту економија, ниту наука, ниту уметност без правда и без етика, рече претседателката.

– За жал, реал-политиката не познава и не признава етика. Сè додека при вработувањето и при градењето кариера, партиските книшки, врски и непотизмот се поважни од знаењето и од квалитетот, младите ќе заминуваат во потрага по меритократија. Посакувам одговорните министри да ги убедуваат најдобрите студенти, по крајот на студиите, да се вработат во нивните кабинети – рече таа.

Реформите на коишто се повикуваме мора да бидат системски и да почнуваат од оснивно образование каде што ќе се препознаваат способностите на учениците, а особено на најталентираните, додаде.

– Сметам дека вклучувањето на нашинците, кои предаваат на престижни странски универзитети, во нашиот образовен процес преку доделување на образовен статус ќе овозможи не само подобруваее на нашето образование, туку и наше полесно искачување по престижните листи. Имаме голема шанса, со помош на технологијата, да си ги сочуваме младите умови дома. Посакувам македонската држава да ја направиме пристојно место за живеење, каде што најумните ќе сакаат да останат, да работат и да го одгледаат следното поколение – рече таа.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ СМЕ МЕКОТЕЛИ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Ние сме жртви на

27/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА Нова

27/02/2026
Македонија

ТРЕТИНА ОД ПОПУЛАЦИЈАТА, НАЈВРЕДНАТА, Е НАДВОР Одливот на младите високообразовани

27/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА КАНАБИС НА УШТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Ќе

26/02/2026
Македонија

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати

26/02/2026
Македонија

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно

26/02/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПОВИКА ЖАН МИТРЕВ ДА ДАДЕ ДОКАЗИ ДЕКА

26/02/2026
Македонија

Миноски на 4TV.mk: Потребни се сеопфатни анализи за минималната плата

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41999
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ СМЕ МЕКОТЕЛИ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Ние сме жртви на глупоста на претходната влада, бараме

27/02/2026

Некој од претходната Влада, мекотел, водел таква политика и го донел, народски кажано, слонот во собата, и ние не можеме

МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА Нова фаза во односите меѓу Загреб

27/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни и европски работи на

ЌЕ СЕ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА КАНАБИС НА УШТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Ќе ја исчистиме државата од политичките

26/02/2026

На уште неколку правни лица на следната владина седница ќе им бидат одземени лиценците за одгледување канабис, бидејќи не постапувале

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy