
ТРЕНДОТ НА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТАНОВИТЕ УСПОРУВА: Еве што покажуваат најновите податоци на Народна Банка
Како да нема крај
на зголемувањето на цените на становите во Македонија. По бројните написи дека
цените на недвижностите растат со забрзано темпо, очекувањата беа дека ќе
настане делумна стабилизација.
Сепак, најновите
податоци на Народна банка покажуваат дека и во третиот квартал од годинава,
цените на становите и понатаму се зголемувале, иако не со висока стапка од 20
проценти како што имавме минатата година, сепак и последниот регистриран раст
од 11 проценти не е за потценување.
Имено, иако оваа
стапка е најниска, по серија од високи стапки кои достигнуваа и 18 и 20 проценти,
сепак, е показател дека и понатаму цените растат. Но, она што зачудува и
загрижува е фактот што сега имаме поскапување на цените од 11 проценти на
годишно ниво, а претходната година во истиот период цените на недвижнините се
зголемиле за 21,3 отсто.
Табелата која ја
изработува Народна банка покажува дека поскапувањето на станбениот квадрат
започнал уште во четвртиот квартал од 2021 година кога исто така цените рипнале
за 11,3 отсто.
Но, највисоките
стапки на поскапување се регистрирани во третиот и четвртиот квартал од 2022
година, кога како што споменавме имало поскапување од 21,3 отсто во третиот, и
20,6 проценти раст во четвртиот квартал. Висок раст на цените на становите
Народна банка регистрирала и во првиот квартал од 2023 година кога становите поскапеле
за 20,6 отсто.
Потоа се
забележува дека поскапувањата полека почнуваат да се намалуваат, но сепак имаме
солиден раст на цените на недвижнините.
Иако и понатаму
има раст на цените на недвижнините, сепак упатените велат дека достигнат е
максимумот и дека доправа не треба да се очекува раст на цените.
–
По
ланскиот бум, од почетокт на годинава се забележува дека растот забавува. Овој
раст се должи на растот на цените на градежните материјалите, но и на растот на
платите на работниците. Сметаме дека нема да продолжи поскапувањето, не не
очекуваме ниту намалување на цените – вели нашиот соговорник од областа на
продажба со недвижнини.
Како претставник
на агенциите за посредување при купопродажба истакнува дека иако делува дека
Скопје е преплавено со станови, интересот за купување стан во главниот град не
стивнува. Посочува дека како и досега, продавањето на становите зависи од
локацијата и од цената, но притоа нагласува дека и понатаму прво се продаваат становите
поблиску до центарот на градот, а потоа оние кои се подалеку.
П.О.
