Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трендафилов: ВМРО-ДПМНЕ сака „да ми ја скине главата“
Економија

Трендафилов: ВМРО-ДПМНЕ сака „да ми ја скине главата“

10/03/2025

AA

Слободан Трендафилов, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија, на денешната прес-конференција рече дека е невидено пратеник од власта, во случајов Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, седум дена пред медиумите да го дискредитира работничкото движење.  

Тој вели дека во ниту една демократија, туку само во случаи како Белорусија, власта политички ја напаѓа синдикалната организација само затоа што побарала минимална плата да се зголеми на 500 евра. Во моментов, според Трендафилов, партиски потрчовци во улога на раководители вршат притисоци над вработените во министерствата, јавните претпријатија и општините. Им се давале пристапници да се приклучат во нерелевантни паралелни синдикални организации.

– Со наредби на нивните директори, раководители и шефови полтрони да прават упади во синдикалните организации и да го наметнат КСС (Конфедерација на слободни синдикати) наместо ССМ, за да нема зголемување, на минималната плата и да се прифатат 24.400 денари, рече Трендафилов.

Тој рече дека за ова ќе бидат известени Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати, а донесена е и одлука седниците на ССМ да се одржуваат на отворено пред Владата и работодавачите.

– ССМ очекуваше Владата да има разбирање, меѓутоа тоа што го добивме се ниски напади од ВМРО-ДПМНЕ, што е недопустливо во демократско општество, додаде Трендафилов кој рече дека власта во моментов бара синдикален партнер „по мерка“ и сака да го исклучи ССМ од Економско-социјалниот совет.

Тој рече дека на 2 и 7 април и на 2 мај ќе се одржи предупредувачки протест. 

– Јас не знаев дека сум толку јак да обединам цела опозиција да застане зад мене, а власта да се плаши и да сака да ми „ја скине главата“. Не ги биравме, не ги плаќаме да работат спротивно на интересите на работниците, порала Трендафилов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42409
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy