Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска – Ѕуо: Инклузивноста во детската заштита е на прво место
Македонија

Тренчевска – Ѕуо: Инклузивноста во детската заштита е на прво место

22/01/2024

AA

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо и градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов во нивната посета на Детската градинка „Виножито“ Струмица информираа за донацијата на кинеската амбасада на сензорни соби за деца со попреченост во градинки во Струмица, Гевгелија и Велес. Воедно тие потсетија на соработката остварена помеѓу Министерството за труд и социјална политика со што се отворија инклузивни игралишта и сензорни соби во Струмица, Крушево и Кривогаштани.

„Во доменот на сензорни соби, нашата посветеност на процесот на инклузија е очигледна и за тоа е показател внимателниот избор на опрема за сензорните соби како што се ѕидови со вода со меурчиња, тешки ќебиња и пени за терапија – секоја приспособена да одговори на различните сензорни потреби на корисниците. Овие простори не се само соби; тие се безбеден простор каде секое дете може да напредува, без оглед на нивните уникатни предизвици“ рече Тренчевска.

„Има една поговорка во Македонија, оние кои сеат добра волја ќе жнеат и добра волја. Очекувам дека вакви „мали но убави“ проекти како сензорната соба ќе изградат уште повеќе мостови за меѓусебно разбирање и пријателство меѓу двата народи. Ја користам оваа прилика за да се заблагодарам на министерката Тренчевска, градоначалникот Костадинов и сите наставници за вложените напори за реализирање на овој проект“ истакна амбасадорот Ѕуо.

„Како Општина постојано вложуваме и труд и сериозни средства во однос на подобрување на инклузијата во училиштата и на децата од предучилишна возраст и генерално сеопфатна инклузија преку најразлични социјални услуги што ги даваме како Општина и секако тука не застануваме. Во конкретниот случај станува збор за донација на сензорна соба. Во општина Струмица веќе постојат три сензорни соби во основните училишта „Сандо Масев“ и „Видое Подгорец“ и навистина тоа ја пушта силната порака дека без разлика какви и да имаме разлики, како општина, општинска администрација или Совет, за нас сите се важни и битни“ рече градоначалникот Костадинов во изјавата за медиуми.

Според информациите кажани во изјавите за медиуми, финансиската поддршка која амбасадата ја има дадено на министерството е во износ од 50.000 евра. Со што значително се зголемува инклузивноста на градинките и им се овозможува на децата полесен пристап до предучилишното воспитание и образование.

Сензорните соби се опремени со модерна опрема која вклучува: пластични провидни топчиња со базен, акрилно огледало, воден ѕид со меурчиња со интегрирана воздушна пумпа и извори на светлина, тешко ќебе, терапевтски пени за сензорна стимулација, LED интерактивен светлечки тепих, трамболина со прицврстен држач и слично.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен 23-годишник од Скопје – повредил малолетник со метална монета

22/02/2026
Македонија

Тепачка во Затвор Скопје

22/02/2026
Македонија

ПОЧИНА СТРУЖАНКА ОТКАКО ВО НЕА УДРИ КАМИОН Возачот е приведен

22/02/2026
Македонија

Жена физички нападната од својот партнер во Градски парк

22/02/2026
Македонија

Жичницата на Водно нема да продолжи да работи поради силниот

22/02/2026
Македонија

МВР за пожарот во Струмица: Две возила опожарени – се

22/02/2026
Македонија

ИЗГОРЕА ДВЕ ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА Неофицијално едното му припаѓало на

22/02/2026
Македонија

Пожар избувна во куќа во Битола

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41779
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен 23-годишник од Скопје – повредил малолетник со метална монета на натпревар

22/02/2026

На 21.02.2026 година во 19:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Б.(23) од Скопје. Тој на

Тепачка во Затвор Скопје

22/02/2026

На 21.02.2026 околу 18:04 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје е пријавено дека во установата Ш.М. физички го

ПОЧИНА СТРУЖАНКА ОТКАКО ВО НЕА УДРИ КАМИОН Возачот е приведен

22/02/2026

Седумдесетгодишна жена починала синоќа во струшката болница откако во неа удрил камион „ивеко“. Полицијата соопшти дека несреќата се случила на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy