Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена
Македонија

Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена

27/11/2025

AA

На денешните пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Јованка Тренчевска, упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите.

Тренчевска посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ надминува 1 милијарда евра и дека државата секој месец мора да префрла средства за да се сервисираат пензиите. Таа предупреди дека одржливоста на Фондот е сериозно нарушена, а ставката од која се трансферираат средства од министерството кон Фондот е веќе 100% реализирана, односно парите на сметката ги нема.

„Пари за исплата на декемвриската пензија нема ниту во буџетот на министерството, ниту во Фондот, бидејќи сите средства беа искористени за исплата на ноемвриските пензии. Како ќе се обезбедат средства за префрлање до Фондот кога во буџетот ги нема?“, праша Тренчевска.

Во своето обраќање, Тренчевска истакна дека со популистички политики и промашени мерки, сегашната власт нанесува штета на пензискиот систем и на социјалната сигурност на граѓаните. Таа потсети дека само во периодот од 2022 до март 2024 година, пензиите беа зголемени за 30%, а дефицитот во Фондот намален од 48% на 32,5%.

„Ние сме за зголемување на пензиите, но тоа мора да се прави одговорно и со стабилен фонд. Сега пензионерите се изложени на ризик, а јасно е дека со сегашниот дефицит и финансиски неодговорни одлуки, исплатите се доведени во прашање“, рече Тренчевска.

Таа побара јасно одговор од заменик-министерот Велковски како ќе се обезбедат средства за исплата на пензиите на 1 декември и кои чекори ќе се преземат за стабилизирање на Фондот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на

25/10/2026
Македонија

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА

25/10/2026
Македонија

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени

25/10/2026
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46363
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на пат до 140 пратенички места

25/10/2026

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го призна поразот на неговата политичка опција на вонредните парламентарни избори одржани оваа недела, на

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА Амбасадорот Ле Риголер тврди дека

25/10/2026

Подготвени сме да го олесниме дијалогот меѓу Скопје и Софија, според модалитети кои ќе бидат усогласени со двете страни, вели

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени се 1.438 за гласање во

25/10/2026

Во Македонија 1.438 српски државјани се пријавија за да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен е бројот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy