Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трамп за сликата како папа: На лажните медиуми не им се допаѓа, но католиците ја сакаат
Македонија

Трамп за сликата како папа: На лажните медиуми не им се допаѓа, но католиците ја сакаат

06/05/2025

AA

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли загриженоста дека сликата на која е прикажан како идниот папа, генерирана со вештачка интелигенција, е навредлива за католиците.

Спорната слика беше објавена во петокот на профилот на Трамп на социјалната мрежа Truth Social. Не е познато дали ја објавил самиот Трамп или некој од неговите соработници. Сликата предизвика поделени реакции. Поранешниот италијански премиер Матео Ренци изјави дека станува збор за „слика што ги навредува верниците, институциите и покажува дека водачот на глобалната десница ужива да биде кловн“.

Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк кој минатата недела Трамп го препорача за папа, како и Католичката конференција на државата Њујорк, исто така изразија незадоволство.

„Дури синоќа ја видов“

На прашањето за негативните реакции од страна на католиците во врска со сликата, Трамп одговори: „Не мислете на католиците, мислете на лажните медиуми… католиците ја сакаат (сликата)“.

Изјави дека сликата, која беше споделена и од официјалниот профил на Белата куќа на мрежата X, не ја видел сè до неделата навечер.

„Немам поим од каде се појави. Можеби е направена со вештачка интелигенција. Но, не знам ништо за тоа. Ја видов дури синоќа. Всушност, мојата сопруга мислеше дека е симпатична. Рече: ‘Зарем не е убава?’“, раскажа Трамп.

Откако минатата недела се пошегува дека би сакал да биде новиот папа, сега изјави дека таа позиција сепак не е во неговите планови.

„Всушност, не би можел да се оженам. Колку што знам, папите не се големи љубители на бракот, нели? Не, колку што знаеме, не се“, нагласи тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на

13/06/2026
Македонија

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена,

13/06/2026
Македонија

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат

13/06/2026
Македонија

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство

13/06/2026
Македонија

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – сите возеле

13/06/2026
Македонија

Полициска акција на повеќе локации: Уапсени 12 лица поради дрога!

13/06/2026
Македонија

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото

13/06/2026
Македонија

Предлог притвор за 36-годишник: Со месеци силувал 12-годишно девојче во

13/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43746
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy