
Трамп за Русија и Украина: „Никој не ме изигра“
Трамп зборуваше во петокот веднаш откако државниот секретар Марко Рубио предупреди дека САД би можеле да се откажат од напорите за обезбедување мировен договор меѓу Русија и Украина доколку нема напредок во наредните денови, откако повеќемесечните напори не успеаја да ги прекинат борбите.
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп изјави дека преговорите меѓу Украина и Русија „доаѓаат до кулминација“ и инсистираше на тоа дека ниту една страна не го „излажала“ во неговите напори да стави крај на тешката војна, пренесува британскиот весник „Гардијан“.
Трамп зборуваше во петокот веднаш откако државниот секретар Марко Рубио предупреди дека САД би можеле да се откажат од напорите за обезбедување мировен договор меѓу Русија и Украина доколку нема напредок во наредните денови, откако повеќемесечните напори не успеаја да ги прекинат борбите.
„Сега, ако поради некоја причина една од двете страни го отежне, само ќе кажеме дека сте глупави. Вие сте глупави, страшни луѓе. И ние само ќе си заминеме. Но, се надеваме дека нема да мораме да го правиме тоа“, рече Трамп.
„Гардијан“ наведува дека оценката на Рубио уследи по разговорите во Париз меѓу американски, украински и европски официјални претставници кои ги наведоа чекорите кон мирот и се чини дека го постигнале долгоочекуваниот напредок.
Следната недела се очекува уште една средба во Лондон, а Рубио посочи дека таа би можела да биде одлучувачка во одредувањето дали администрацијата на Трамп ќе продолжи со своето учество.
„Сега дојдовме до точка кога треба да одлучиме дали е воопшто можно или не. Затоа што ако не е, тогаш мислам дека само ќе продолжиме понатаму. Тоа не е наша војна. Имаме други приоритети на кои треба да се фокусираме“, им рече Рубио на новинарите во Париз.
Тој рече дека американската администрација сака да одлучи „за неколку дена“.
