Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани со порака: „Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да излезе на виделина“
Македонија

Семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани со порака: „Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да излезе на виделина“

19/04/2025

AA

Силна, емотивна и болна порака упати Јулија Златкова – мајка која го загуби своето дете во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во статус објавен на Фејсбук, таа го изрази својот бунт, разочараност и длабока болка поради, како што наведува, молкот и неказнивоста на институциите, кои наместо правда – испорачуваат рамнодушност.

„На Велигден ќе одиме на гробишта да им оставиме јајца на нашите ангели, чии кревети останаа празни, а срцата ни се завиени во црнило“, напиша Златкова.

Во потресниот статус таа прашува зошто децата ги нема, зошто никој не одговара, и зошто – како што вели – институциите што требало да ги заштитат граѓаните молчат, додека вината ја покриваат со корупција и интереси.

Таа истакнува дека родителите на загинатите нема да се откажат и ќе продолжат да протестираат секоја сабота, барајќи правда за децата кои не дочекаа полнолетство, матура, свадба или втор Велигден.

„Никој од нас не растел дете да стане херој, туку да стане човек. Вие ги убивте нашите деца“, стои во објавата.

Златкова повика на одговорност – од највисоките државни функции до сите кои, како што пишува, „виделе, а не реагирале“: од премиерот и министрите, преку инспекторите, па сѐ до полицајците кои, според неа, замижале пред неправилностите.

„Нашите деца ги нема, но нашата борба не престанува. За нивна чест, за иднината на другите деца – правдата мора да излезе на виделина“, порача Јулија Златкова, симболично најавувајќи дека наместо со семејствата, Велигден ќе го поминат на гробишта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

28/06/2026
Македонија

Обвинителство: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг

28/06/2026
Македонија

Убиство на жена во Скопје: Четири лица приведени!

28/06/2026
Македонија

Ѓоковиќ со честитка за Лина Ѓорческа: Наскоро сакам да ја

28/06/2026
Македонија

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на

28/06/2026
Македонија

Денес до 38 степени: Македонија под силен топлотен бран

28/06/2026
Македонија

Ги оставала децата да спијат во автомобил додека била на

28/06/2026
Македонија

Продолжува сообраќајниот колапс на „Богородица“: Се чека и до четири

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43999
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

28/06/2026

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе

Обвинителство: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг осомничен за убиство!

28/06/2026

Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека смртта на жената чие тело беше пронајдено во близина на селото Летевци е насилна.

Убиство на жена во Скопје: Четири лица приведени!

28/06/2026

Полицијата приведе четири лица во рамки на истрагата за смртта на 48-годишна жена, чие тело било пронајдено во близина на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy