
Трамп ја суспендираше финансиската помош за Јужна Африка
Соединетите Американски Држави ја прекинуваат сета федерална финансиска поддршка за Јужна Африка, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Да се направи чекор понатаму, секој земјоделец (со семејство) од Јужна Африка кој сака да ја напушти земјата поради безбедносни причини, ќе биде поканет во Соединетите Држави со брза патека до државјанство“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Трамп рече дека процесот ќе започне веднаш. Американската помош за Јужна Африка изнесуваше 323,4 милиони долари во 2024 година, покажуваат податоците на американската влада.