Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРАГЕДИЈА ВО ЗАМБИЈА: Седум рудари загинаа, 20 исчезнаа во нелегален тунел за рудник за бакар
Македонија

ТРАГЕДИЈА ВО ЗАМБИЈА: Седум рудари загинаа, 20 исчезнаа во нелегален тунел за рудник за бакар

02/12/2023

AA

Најмалку седум рудари загинаа, а повеќе од 20 се водат како исчезнати , откако обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето што ги затрупа во тунелот што незаконски го ископаа во рудник за бакар во Замбија, соопштија денеска полицијата и локалните власти.

Сè уште не се пронајдени тела по свлечиштето што го затрупа рудникот во четвртокот вечерта, соопшти полицијата, пренесоа агенциите.

Се претпоставува дека исчезнатите се мртви, а се верува дека многумина се удавиле.

Тие ископувале бакарна руда во отворениот коп Сесели, во градот Чингола, околу 400 километри северно од главниот град Лусака, соопшти полицијата, наведувајќи ги имињата на седумте потврдени жртви.

Полицијата, сепак, не може да каже точно колку рудари се уште се заробени во тунелите. Окружниот комесар на Чингола, Рафаел Чумупи, во изјава за агенциите тврди дека ги има најмалку 36.

– Со тага слушаме за трагичната несреќа во импровизираниот рудник во Чингола која однесе многу животи – објави претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема, пренесе Танјуг.

Замбија е меѓу првите 10 производители на бакар во светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во

03/03/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Кај припадник на армијата пронајдена

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42187
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy