
Трагедија на ГАК: Родилка почина неколку часа по царски рез
34-годишна родилка почина викендов на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.
Според информациите на „Слободен печат“, пациентката родена 1991 година починала во саботата, само неколку часа по извршената оперативна интервенција со царски рез.
Од Министерството за здравство ја потврдија смртта на родилката и информираа за преземените првични чекори односно дека случајот веќе е под лупа на Комисијата за квалитет во рамките на болницата, која денеска го разгледувала текот на лекувањето и операцијата.
Засега нема официјални информации за состојбата на новороденчето, ниту за евентуални претходни компликации кај мајката.
