
ТРАДИЦИОНАЛЕН СОЈУЗНИК НА ПУТИН: БРИКС доби уште една земја партнер
Белорусија стана партнер на БРИКС.
Министерството за надворешни работи во Минск објави дека Белорусија стана земја партнер на БРИКС откако претседателот Александар Лукашенко на 5 месецов преку писмо го информира рускиот претседател Владимир Путин, за подготвеноста на државата да се приклучи на организацијата како партнер. Статусот на земја-партнер значи учество на специјални сесии, на самити и состаноци на министрите за надворешни работи на БРИКС. Можно е да се поканат партнерите и на настани на министерско ниво, особено за трговија, на состаноци со претставници за националната безбедност и на парламентарни форуми. Неодамна БРИКС одржа самит во Казан, во Русија.
