Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот
Економија

ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот

21/05/2025

AA

Жените во Македонија
остануваат помалку активни на пазарот на труд и покрај бројните мерки за
поддршка на бизнисите или за намалување на невработеноста.

Податоците на
Државниот завод за статистика објавени во нивната публикација „Жените и мажите
во Македонија“ покажуваат дека трендот не се променил.

Лицата кои бараат
работа, но се невработени се сметаат за активни на пазарот, а дополнително има
работоспособно население кое не бара работа и не учествува во работните процеси
и тие се нарекуваат економски неактивни граѓани. Овие лица се надвор од работната сила, тие се невработени и не бараат работа и не се на
располагање за вработување.

Бројките
покажуваат дека во Македонија жените се значително
помалку активни на пазарот на труд од мажите. Стапката на вработеност на жените
во 2021 година изнесуваше 38,3 отсто, ависоки 55,1 процент од жените се
целосно искучени од пазарот на трудот, односно воопшто не бараат работа.

Од друга страна, истата година, стапката на активно учество на мажите на пазарот на
труд изнесува 56,2 отсто, додека пак стапката на неактивност е 32,8 проценти.

– 
Разликите во стапките на
учество на жените и мажите на пазарот на труд доведуваат до родов јаз во
стапката на вработеност кој во 2021 година изнесувал 20,3 отсто.
Стапката на вработеност е најголема кај жените и мажите на возраст
од 35 до 44 години– покажува анализата на ДЗС.

Истражувањето
покажало дека мажите се речиси подеднакво застапени на
пазарот на трудот во руралниот и урбаниот дел. Но, кај жените, значително
е помал бројот на вработени во руралните средини

Притоа најзначајната разлика е забележана во учеството на вработените лица
со високо образование. Имено,
42 проценти жени имаат високо образование, а само 28 отсто од вработените мажи имаат високо образвоание. И во руралните деловижените се со повисоко образование и тие опфаќаат 23
отсто, наспроти 12 проценти од вработените мажи.

– 
Од вкупниот број неактивни жени
на пазарот на труд најголемиот дел, односно 46  отсто, имаат завршено само основно образование, а од нив 58 проценти живеат во
руралните делови на државата. Жените се генерално помалку застапени и во
формалното вработување со 41отсто и во неформалното вработување со 33 проценти – утврдиле статистичарите.

Но, она што е
најзабележително е податокот дека високи 59 проценти од
неактивните жени на возраст од 20-64 години не се вклучени во работа поради
извршување на обврски наспроти само 2,3 отсто од мажите.

Ова покажува дека
традиционалните вредности или верувања и понатаму доминираат во нашата земја.
Повеќе пати е пишувано дека токму домашните обврски, како чување на децата,
чување на постари фамилијарни членови, или пак грижата за домот се меѓу
главните причини поради кои жените остануваат надвор од работните процеси, што
секако ги намалува и економските придобивки во домот, но и можностите за раст
на домашната економија.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Меџитлија

21/11/2025
Македонија

ЦЕЛ ВИКЕНД ДОЖД, ВЕТЕР И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Од понеделник

21/11/2025
Македонија

ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА Сообраќајна несреќа во Битолско,

21/11/2025
Македонија

ФОТО Падна столб од улично осветлување во Битола

21/11/2025
Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Битола – ГП „Меџитлија“, има

21/11/2025
Македонија

СРБИН ПРЕВЕЗУВАЛ 10 КИНЕЗИ ВО ПРИКОЛКА, ДВАЈЦА ЗАГИНАА КАЈ ВАЛАНДОВО

21/11/2025
Македонија

Мислел ќе сокрие: Бизнисмен од Скопје тајно го продал имотот

21/11/2025
Македонија

Алиу: Вработувањата во здравство од сега според реалните потреби, а

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37935
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Меџитлија

21/11/2025

Сообраќајотна крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран во 21:50

ЦЕЛ ВИКЕНД ДОЖД, ВЕТЕР И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Од понеделник суво, ама постудено

21/11/2025

Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи, која издаде портокалов

ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА Сообраќајна несреќа во Битолско, кај крстосницата кон Бистрица

21/11/2025

Прекинат е сообраќајот кон граничниот премин Меџитлија, поради сообраќајна несреќа, информира Авт омото сојузот на Македонија. „Во 20 часот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy