
Трајковски се враќа во Калчото: Џенова фаворит пред други два италијански ривали!
Според „Туто Меркато Веб“, Џенова е во моментов фаворит да го добие потписот на Трајковски пред Лече и Фросиноне, кои исто така се заинтересирани за екс-фудбалерот на Палермо, кој во 2019 година си замина од Италија после банкротот на сицилијанската гордост.
Трајковски од 2015 година беше дел од италијанскиот фудбал во Палермо, а после заминувањето имаше неуспешни предизвици во Мајорка, па дански Алборг, за да заврши во саудиска Ал Фејха. И во момент кога сѐ повеќе ѕвезди одат во Саудиска Арабија, Трајковски се реши да се врати во европскиот фудбал.
Џенова е екс-клуб на легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев, кој шест години играше за најстариот италијански калчолигаш, пред да замине шест месеци во Парма и потоа да се пензионира во септември лани.
Трајковски беше јунак ланскиот март кога ја расплака Италија со голот во 93-та минута за победа во мундијалскиот бараж, а тој е стрелец и на голот против „аѕурите“ во Торино во 2017 година во претходните мундијалски квалификации и втор најдобар стрелец во македонската репрезентација во историјата.

