Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трајановски си поднесе оставка – Арсовска вели: Не може да даде оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци!
Македонија

Трајановски си поднесе оставка – Арсовска вели: Не може да даде оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци!

27/02/2025

AA

На денешната седница на Советот на Град Скопје, заменик градоначалникот Александар Трајановски истакна дека градоначалничката Данела Арсовса се грижела единствено за „кланот од Сарај“.

Како што вели, тие под нејзино раководство владејат во Скопје.

„Од кал да е – директор од Сарај да е“, рече Трајановски.

На ова веднаш се огласија од Град Скопје од каде велат дека лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци.

„Имено, истиот е разрешен од функцијата на 19.12.2024 година.

Оттука, нејасно е од која функција си дава оставка ова лице. Трајановски е разрешен од функцијата поради нарушување на угледот на град Скопје, неизвршување на своите задачи и неисполнување на својата функција како заменик градоначалник. Поточно, ова лице нема вкупно 3 активни минути на својата функција.

Единственото барање на ова лице за кое е свесна градската администрација е неговата желба да добие канцеларија, службено возило и службен телефон. Друга комуникација, уште помалку во смисла на активен придонес кон работата на градот ова лице немало во последните две години.

По однос на обвинувањата на Трајановски за некакво „влијание од ДУИ“, сакаме целосно да ги демантираме како лажни вести и несериозни обвинувања. Кадрови решенија градот Скопје немаше две години, ниту постоеше можност за вработувања поради неизгласани планови за вработување, а доколку истото некогаш би се реализирало би било врз основа на распишан оглас за вработување, со единствен критериум е исполнување на квалификациите и избор на најдобрите кандидати според закон. Доколку на Трајановски ништо не му сметало во градот Скопје повеќе од 3 години па се до неговото разрешување во декември 2024 година, прашање е зошто би му сметало сега.

Тажно е да се гледа како млади луѓе се ставаат во функција на полтрони на владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН/Вреди“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Турски државјанин приведен во Охрид поради сомнение за посредување во

05/09/2026
Македонија

На Табановце приведен Романец кој кај Демир Капија возел 163

05/09/2026
Македонија

Со 2,98 промили алкохол возел низ Дебар – полицијата го

05/09/2026
Македонија

Инспекторатот за употреба на јазиците објави дека директорот се сретнал

05/09/2026
Македонија

Турски државјанин приведен во Охрид, осомничен за врбување за проституција

05/09/2026
Македонија

Приведен скопјанец во охридски автокамп, пронајдена марихуана во камп-приколка

05/09/2026
Македонија

За една година бројот на вработени пораснал за повеќе од

05/09/2026
Македонија

Превозниците најавуваат нови протести: Се заканува блокада на границите со

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45474
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Турски државјанин приведен во Охрид поради сомнение за посредување во проституција

05/09/2026

Полицијата во Охрид лишила од слобода 24-годишен државјанин на Турција, кој се сомничи дека учествувал во врбување и намамување лице

На Табановце приведен Романец кој кај Демир Капија возел 163 километри на час

05/09/2026

Романски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако полициските службеници утврдиле дека претходно со автомобил возел со

Со 2,98 промили алкохол возел низ Дебар – полицијата го приведе

05/09/2026

На 04.09.2026 год. во 17 часот, на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, лишен од слобода е С.Р.(39) од селото Скудриње,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy