
Тотнем не му дозволил на Кејн да се поздрави со соиграчите пред да летне за Минхен!
Хари Кејн е од младинската школа на Тотнем и до ова лето беше дел од клубот од Северен Лондон. Тој е една од најголемите легенди на Спарси.
Но, „Телеграф“ денеска излезе со сторија дека на неколку часа пред да летне кон Минхен, Кејн сакал да се поздрави со соиграчите од Тотнем и да си ги земе работите кои му останале во тренинг центарот.
Тотнем не му дозволил тоа да го направи, а работите кои му останале тие му ги испратиле по пошта.
Со овој потег кон својата фудбалска икона, Тотнем уште еднаш потврди за каков клуб станува збор.
