Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица: Се здружија во обидот да фрлат сенка над она што три децении го чека македонскиот народ – расчистување со корупцијата
Македонија

Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица: Се здружија во обидот да фрлат сенка над она што три децении го чека македонскиот народ – расчистување со корупцијата

15/04/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска упати реакција по повод координираните напади од ДУИ, СДСМ и нивниот нов партнер Левица.

Како што вели, тие синхронизирано и оркестрирано ги насочиле нападите кон него со сите свои расположливи сили, а дополнети и со нови, очекувано продолжени удари од страна на СДСМ утрово.

„Чувствувам обврска пред јавноста да укажам на суштината на оваа невообичаена и сè поочигледна алијанса.

Три партии, различни во својата форма, а слични во својата природа, вчера се здружија во обидот да фрлат сенка над она што три децении го чека македонскиот народ – расчистување со корупцијата и ставање крај на политиката на неказнивост. Три партии, кои наводно се борат една против друга, вчера покажаа дека нивниот заеднички интерес е посилен од сите нивни привидни разлики.

ДУИ – партијата која во долгите години на владеење заедно со СДСМ создаде заробена држава, со систем во кој криминалот не беше исклучок, туку правило. Партијата која остави зад себе пустош од корумпирано судство, нефункционално образование без учебници, здравство кое наместо лекови произведуваше трагедии, загаден воздух кој го труе секој граѓанин и институции заробени од партиски војници наместо од професионалци.

Истите тие функционери на ДУИ кои некогаш со ароганција велеја дека не одговараат пред законот, туку само пред Али Ахмети, а кога некој ќе им спомнеше одговорност за криминал, одговараа со закани со чизмите од таванот, денес панично се разбегаа бидејќи за првпат почувствуваа дека законот е над партијата. Па би сакал вака јавно да ги прашам:

Каде е денес Артан Груби? Каде е денес Прпарим Бајрами? Зарем не беа токму тие најгласните борци за правата на Албанците, кои наместо права, си обезбедија само привилегии за себе и своите семејства? ДУИ никогаш не се бореше за Албанците, се бореше само за позиции од кои можеше да го ограбува и албанскиот и македонскиот народ.

И сега, кога за првпат по 30 години владеењето на правото не е само празна флоскула, туку реалност, кога институциите конечно почнаа да функционираат и правдата пристигнува до оние кои мислеа дека засекогаш ќе бидат недопирливи, ДУИ без срам зборува за одговорност.

СДСМ пак, кои зборуваат за селективност и неправда, треба да се присетат дека за време на нивното седумгодишно владеење со ДУИ, државата ја потресоа три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе. И сега добро запомнете: за сите тие загубени животи, СДСМ не поднесе НИЕДНА кривична пријава. Ниедна! Истите тие денес велат дека истрагата за Кочани е фарса, а во оваа наводна „фарса“ веќе имаме над 50 осомничени. Зборуваат за морален пораз, привезоците на ДУИ кои седум години беа тивките соучесници во распаѓањето на државата, а денес, без грам срам, се обидуваат да се претстават како глас на совеста. Лицемерието нема граница, а СДСМ треба да знае дека меморијата на македонските граѓани не е толку кратка како што би посакувале.

Но најинтересна е улогата на Левица, политичките паразити кои живеат и се хранат од народниот гнев создаден токму од нивните денешни партнери, ДУИ и СДСМ. Левица, која со години не пропушта можност да се претстави како алтернатива, всушност е само уште една алатка на истите структури кои на Македонија ѝ ја одземаа иднината. Денес, кога конечно системот се чисти, Левица ги напушти своите наводни принципи и застана во одбрана на токму оние кои ги обвинуваше до вчера. И не е тоа затоа што тие се нова партија со визија, туку затоа што најдобро опстојуваат во времиња кога системот е разнишан, а довербата на граѓаните во институциите е убиена од нивните некогаш прикриени, а денес очигледни сојузници.

Вчерашниот ден најдобро покажа каде сме и зошто толку силно удираат. Не се напаѓа оној што не претставува закана, се напаѓа оној што навистина менува нешто. Оној што не прифаќа да биде дел од нивниот удобен систем на молк, неказнивост и меѓусебна заштита. Токму затоа, јас овие напади не ги гледам како закана, туку како комплимент дека конечно правдата ги допре оние кои мислеа дека засекогаш ќе останат недопирливи.

Ова не е само моја битка, ова е наша битка. Ова е битка на сите граѓани кои 30 години живеат во држава во која политичката елита си играше фудбал по канцеларии и ја шутираше Македонија како топка. Денес, наместо тие да ја шутираат државата како што сакаат, законот почна да ги удира токму таму каде што најмногу ги боли.

Затоа продолжуваме напред, со јасна визија, со уште поголема одлучност. Правдата почна да тропа на вратата на секој оној кој мислеше дека таа никогаш нема да го посети. И таа правда нема да се врати назад без резултати.

Ако нападите се цена што мора да ја платиме за ова, тогаш јас сум подготвен секој ден да ја плаќам, затоа што ова не е само политичка битка. Ова е враќање на Македонија таму каде што и е местото, во рацете на граѓаните, а не во рацете на криминалците. Македонија мора да биде држава каде што одговорноста нема партиска боја, а правдата нема цена. Токму таа Македонија е целта за која вреди да се издржат сите овие напади. И таа Македонија, заедно со граѓаните, конечно ќе ја изградиме“, вели Тошковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена

22/06/2026
Македонија

До 10.000 евра грант за сопствен бизнис: Отворен повик за

22/06/2026
Македонија

Мицкоски бара пониски цени во маркетите

22/06/2026
Македонија

УХМР со најава: Следуваат дождови, грмежи и локално невреме со

22/06/2026
Македонија

Големо намалување на цените на горивата: Дизелот поевтинува за 7

22/06/2026
Македонија

Мицкоски: Корисниците на вториот пензиски столб можеби ќе бидат разочарани

22/06/2026
Македонија

И Здравје и Работа: Државата има должност да ги искористи

22/06/2026
Македонија

Македонскиот рубин доби официјална заштита и стана национално богатство

22/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена можност

22/06/2026

Извозот е една од најважните алатки за намалување на трговскиот дефицит и зајакнување на домашната економија, но последниот извештај за

До 10.000 евра грант за сопствен бизнис: Отворен повик за невработени лица

22/06/2026

Лицата кои се без работа и имаат идеја за сопствен бизнис повторно добиваат можност да обезбедат финансиска поддршка за реализација

Мицкоски бара пониски цени во маркетите

22/06/2026

Намалувањето на цените на основните прехранбени производи ќе биде главна тема на денешната средба што премиерот Христијан Мицкоски ќе ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy