Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦАРУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОНКУРИРААТ КОМУНИКАЦИИ, ЦЕМЕНТ И ЛЕКОВИ – како лани се правеа најголемите профити на Берзата
Економија

ЦАРУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОНКУРИРААТ КОМУНИКАЦИИ, ЦЕМЕНТ И ЛЕКОВИ – како лани се правеа најголемите профити на Берзата

15/04/2025

AA

Добивките се
познати, но убаво е кога ќе се направи едно сеопфатно рангирање на сите 93
котирани друштва, со цел да се види кој како ја завршил ланската година, и кој
всушност како стои во македонскиот бизнис.

Резултатите не се
изненадувачки, со мали исклучоци ваму и таму, но тие секако дека не се во
врвот, каде што, пак, како и вообичаено, царуваат македонските банки.

Да одиме по ред,
околу резултатите на котираните компании и банки на македонскиот пазар на
капитал.

Според
консолидираниот извештај на Комерцијална банка, нејзиниот профит минатата
година изнесувал 80,65 милиони евра, што е раст во однос на претходната 2023
година за одлични 37,7 отсто. Овој пораст на чистата добивка е највисок во
банкарскиот сектор, а и меѓу позначајните во рамките на сите котирани друштва,
со исклучок на неколку компании кои имале невообичаено добри резултати во 2024
година.

Втората позиција
според висината на добивката ја држи моќната Стопанска банка Скопје, чија
добивка е 57,79 милиони евра, што е раст за 2,4 отсто во однос на една година
претходно.

Сличен раст од
2,43 проценти има уште една голема и успешна банка, НЛБ Банка, чија добивка
лани заокружила на 53,58 милиони евра.

Четвртото место
го добил телекомуникацискиот гигант, Македонски Телеком, со профит од 36,4
милиони евра. Одлична бројка и сосема солиден раст од 7,62 проценти во однос на
претходната 2023 година.

Петто место е за
скопската цементарница УСЈЕ, со чист профит од 30,78 милиони евра, која како
никогаш досега се враќа во кондиција после ценовната криза со енергенсите, така
што нејзиниот лански раст во однос на претходната 2023 година е за одлични
25,42 проценти.

Фармацевсткиот
гигант „Алкалоид“ продолжува да покажува дека континуираните инвестиции во
опрема, знаење и кадар носат резултат, па компанијата лани ја заврши со чиста
добивка од 27,38 отсто, што е раст за 6,8 отсто во однос на една година
претходно.

Најголемиот
нафтен дистрибутер во земјава Макпетрол, исто така држи лекции по
профитабилност, достигнувајќи профит лани од близу 18 милиони евра, и со
фасцинантен раст за 40,68 проценти во однос на претходната 2023 година.

„Тивките“
прилепчани, Мермерниот комбинат, секогаш ес во врват на листата профитабилни
компании, лани тоа беа близу 15 милиони евра, со раст од 8,37 проценти.

Дека банкарството
е вносен бизнис, покажува уште една банка, УНИ банка, чии профит лани бил 7,9
милиони евра, што е раст од близу два проценти во однос на една година
претходно.

Скопски пазар
лани имаше импресивен раст на добивката, за дури 153 проценти, достигнувајќи
близу 7 милиони евра, и впишувајќи се така на листата на 10 најпрофитабилни
компании.

Уште неколку
компании треба да се споменат, и според профитот, и според улогата што ја имаат
во македонската економија.

Макстил имаше
профит од 4,5 милиони евра, иако тоа е намалување во однос на една година
претходно.

Винаријата Тиквеш
профитираше со 4,15 милиони евра, и тоа е зголемување за осум проценти.

Според растот на
добивката се истакнал Адинг, со процент на зголемување од близу 45 отсто, и
остваруивајќи профит од 3,76 милиони евра.

Реплек ланската
година ја заврши со профит од 3,64 милиони евра, потоа 3,54 милиони евра
оствари скопската рафинерија ОКТА, и чиста добивка од 3,3 милиони евра оствари
компанијата ОИЛКО.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИТЕ ЌЕ ЈА ЧУВААТ ИВА МИХАИЛОВА СО ПОЛИЦИЈА!? Министерот за

12/10/2026
Македонија

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026
Македонија

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во

12/10/2026
Македонија

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за

12/10/2026
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува

12/10/2026
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИТЕ ЌЕ ЈА ЧУВААТ ИВА МИХАИЛОВА СО ПОЛИЦИЈА!? Министерот за внатрешни работи лично ѝ понуди

12/10/2026

Бугарските власти ќе ги испитаат околностите под кои Ива Михаилова пристигнала во Бугарија. Доколку се утврди дека ѝ е потребно

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026

Несовесни граѓани исфрлија кабаст отпад среде шума во Националниот парк Галичица, објави порталот Охрид1, кој добил фотографии од читатели. На

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во Куманово

12/10/2026

Санирањето на депонијата ќе продолжи и во наредниот период, со цел Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ да спречат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy