Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Сите во МВР се вознемирени кога гледаат дека некој криминалец се прикривал со униформа
Македонија

Тошковски: Сите во МВР се вознемирени кога гледаат дека некој криминалец се прикривал со униформа

03/04/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека апсењето на членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е еден од случаите каде МВР покажува неселентивност во борбата против криминалците во своите редови.

„Многу кривични пријави во минатото се поднесени против криминалците во редовите на МВР, така е постапено и во овој случај. Одделот за внатрешна контрола во рамки на спроведувањето на истрагата по добиени информации во рамки на одделот известил надлежен јавен обвинител кој што се согласил и дал наредба да бидат преземени дејствијата истата вечер. По спроведување на предметната акција, извршени се и повеќе претреси кај полициски службеници исклучиво од страна на Одделот за внатрешна контрола при што се пронајдени одредени докази во насока на стореното кривично дело“, посочи Тошковски.

Тој вели дека граѓаните заслужуваат полиција која ќе ги штити.

„Сакам да им порачам на сите оние недобронамерници и предавници на својот род, имајќи предвид на криминалците во МВР дека неселективно и бескомпромисно ќе се бориме против истите. Македонските граѓани заслужуваат полиција која што ќе ги штити, а не која што ќе ги рекетира. Сите во МВР се вознемирени кога гледаат дека некој криминалец се прикривал со униформа, без разлика дали таа униформа е свечена, тактичка или униформа која што ја носат припадниците на одделот за обезбедување на имот и лица“, рече тој.

Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, Ангел Сарамаков, беше уапсен и му беше одреден 30-дневен притвор. Сарамаков, кој е полицаец од 6-тата Управа на МВР, е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија

08/12/2025
Македонија

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ

07/12/2025
Македонија

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38617
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна,

08/12/2025

Стратегија  усвоена вчера на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје –Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се потсетиме

07/12/2025

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025

На 07.12.2025 на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ ги лишија од слобода Л.А.(32)

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy