Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Приведени 15 лица за трагедијата во Кочани – клубот работел со фалсификувана лиценца!
Македонија

Тошковски: Приведени 15 лица за трагедијата во Кочани – клубот работел со фалсификувана лиценца!

16/03/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција објави нови детали по трагедијата во Кочани.

Како што кажа, има осомничено, но и приведени.

„Има осомничено дваесетина лица, од кои околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените се починати, согласно сомненијата кои ги имаме досега од аспект на осомничени, дел се во болниците. Четири лица се обезбедени во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, и управител на правното лице кое што ја менаџирал дискотеката“, вели Тошковски.

Тој додава дека приведени се лица кои имаат директна вина во овој кривично-правен настан.

„Приведено е едно лице кое што е организатор на настанот, и за кое што имаме сомнение дека имаме дека директно влијаел врз тоа да се случи трагедијата. Приведен е поранешен државен секретар на министерството за економија, поранешен директор на еден сектор на министерството за економоија, поранешен директор за дирекција за заштита и спасување, и тројца вработени во дирекцијата. Приведени кои се во Кочани се луѓе кои биле организатори, дел биле вклучен во рамки на обезбедување, дел во други активности. Разговори од страна на полициските службеници, е извршен со над 25 лица досега, и се продолжува со собирање на докази“, вели Тошковски.

Како што додава, легална лиценца за работа оваа фирма нема.

„Не би сакал да откривам повеќе детали, но сакам да кажам дека и оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија во минатото е поврзана со мито и корупција. Да и напоменам на македонската јавност дека за разлика од претходно, во овој случај ќе имаат име и презиме оние кои се директно вклучени во нелегалното издавање на лиценци, и ќе одговараат“, додаде Тошковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тетовчанец изнајмил возило од ,,Рент а кар” па го продал

11/02/2026
Македонија

ХАОСОТ ВО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ВОДИ ДО БЛОКАДА

11/02/2026
Македонија

1.108 СТЕБЛА ИСЕЧЕНИ, ШТЕТАТА Е 5.000 ЕВРА Осуммина осомничени за

11/02/2026
Македонија

ССМ продолжува со блокади: Утре на удар Стопанската комора и

11/02/2026
Македонија

По долга пауза, повторно активирана Неврохирургија во „8-ми септември“ –

11/02/2026
Македонија

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Советот

11/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените

11/02/2026
Македонија

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЛЕГУВААТ ВО ПРОВЕРКА Почна втората анализа на спорните

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41345
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тетовчанец изнајмил возило од ,,Рент а кар” па го продал

11/02/2026

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Х.(46) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’. Како

ХАОСОТ ВО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ВОДИ ДО БЛОКАДА НА ПРАВДАТА Секое рочиште на

11/02/2026

Додека актерите на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани се подготвуваат за рочиштата закажани за следната недела,

1.108 СТЕБЛА ИСЕЧЕНИ, ШТЕТАТА Е 5.000 ЕВРА Осуммина осомничени за синџир на дива дрвосеча во

11/02/2026

Тивка, но систематска сеча пустошела во виничко. Дури 1.108 стебла биле бесправно исечени, штетата достигнала 310.240 денари. Полицијата поднесе кривични

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy