Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Имаме рекордери, двајца возачи во Македонија имаат по 40 забрани за управување возило!
Македонија

Тошковски: Имаме рекордери, двајца возачи во Македонија имаат по 40 забрани за управување возило!

02/02/2026

AA

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа презентираше загрижувачки податоци за сообраќајната култура и ефикасноста на досегашните санкции, откривајќи дека во Македонија постојат возачи со екстремно голем број забрани за управување возило кои сепак се појавуваат во сообраќајот.

Според статистиката на МВР за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно 55.435 граѓани, имаат по една изречена забрана. Сепак, бројките на повратниците во прекршоците се алармантни. Вкупно 7.987 лица се соочиле со втора забрана, додека 1.863 возачи имаат по три правосилни пресуди за забрана за управување возило.

Посебен акцент министерот стави на „рекордерите“ во негативна смисла, посочувајќи дека постојат лица кои десетици пати го изигрувале законот.

„Имаме 687 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, истакна Тошковски.

Тој нагласи дека ваквите фрапантни бројки се доказ за досегашните слабости во контролата, но порача дека со имплементацијата на новиот „паметен систем“, ваквото однесување во сообраќајот веќе нема да биде можно.

„Со овој паметен систем нема повеќе да можат да возат вака“, додаде министерот, потенцирајќи дека целта на „Безбеден град“ е ставање крај на неказнивоста за најекстремните прекршители.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Облачно со повремен дожд, засилен ветер во западните делови

05/02/2026
Македонија

Мајката на загинатиот Томас тврди: Братот на газда Деко од

05/02/2026
Македонија

ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ ПАНДЕЛЕСКИ ВО „ИМПЕРИЈА“ За повлекувањето дал согласност

05/02/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам

05/02/2026
Македонија

МВР санкционираше 101 возач поради незаконско затемнување на стаклата

05/02/2026
Македонија

Сообраќајка на три возила во Охрид – двајца од возачите

05/02/2026
Македонија

ПОЧУВСТВУВАНИ ДВА ЗЕМЈОТРЕСА ВО ОХРИД И ВО БИТОЛА Епицентрите биле

05/02/2026
Македонија

ПОПУЛИЗАМ ИЛИ ГРИЖА ЗА РАБОТНИЦИТЕ? Петрушевски со остри критики кон

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Облачно со повремен дожд, засилен ветер во западните делови

05/02/2026

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има врнежи од дожд во источните

Мајката на загинатиот Томас тврди: Братот на газда Деко од затворот во Скопје координира влијание

05/02/2026

Во атмосфера на тензии и силни емоции, пред стартот на денешното судско рочиште за предметот „Пулс“, семејствата на загинатите јавно

ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ ПАНДЕЛЕСКИ ВО „ИМПЕРИЈА“ За повлекувањето дал согласност и поранешниот државен обвинител Љупчо Коцевски

05/02/2026

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во декември 2025 година го повлекло обвинението против бизнисменот Цветан Панделески во предметот „Империја“, дознава

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy