
Топлотен бран во Шпанија: Во состојба на готовност за новиот бран
Трите шумски пожари кои изгореа повеќе од 10.000 хектари шума викендов во Шпанија се под контрола, но поголемиот дел од земјата денеска е во состојба на готовност, првиот ден од новиот топлотен бран, трет топлотен бран што ја зафати земјата ова лето.
Многу провинции Андалузија, Кастиља-Ла Манча и Екстремадура се ставени во состојба на готовност, а температурите се очекуваат денеска да достигнат до 43 степени Целзиусови, соопшти шпанската метеоролошка агенција (Аемет).
Речиси цела Андалусија и Екстремадура, како и јужниот дел на Кастиља-Ла Манча, се во црвена тревога соочени со опасност, додека портокалова тревога е на сила во останатите региони, според Аемет.
Овој трет топлотен бран, кој го зафати целиот Пиринејски Полуостров, ќе трае до четврток и следува по напорниот викенд за шпанските пожарникари.
Пожарот што вчера попладне избувна на помалку од десет километри од градот Кадиз во Андалузија е „стабилизиран“ нешто пред полноќ, објави локалната агенција одговорна за шумските пожари (Инфока) на Твитер (Х).

