Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Топлотен бран ја зафати Македонија: Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен
Македонија

Топлотен бран ја зафати Македонија: Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен

21/07/2025

AA

Македонија денеска се соочи со екстремно високи температури. Највисока измерена температура од 41°C е регистрирана во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температури од 40°C се измерени на Зајчев Рид во Скопје и во Гевгелија, додека 39°C се забележани во Битола, Штип и Струмица. Тетово и Виница денеска достигнаа 38°C, Прилеп 37°C, Крива Паланка 36°C, а во Охрид и Претор беа измерени 35°C.

Најсвежо остана на Попова Шапка со 26°C, додека во Лазарополе беа регистрирани 30°C.

До крајот на денот се очекува сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.

Прогноза за утре:
Времето ќе биде претежно сончево и уште потопло, со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21°C, додека максималните ќе достигнат од 35 до дури 42°C.

Скопје утре:
Сончево и многу топло со минимална температура до 20°C, а максимална од 41°C.

Топлотен бран до сабота:
Под влијание на топол бран од југ, до 26 јули (сабота) ќе преовладува сончево и исклучително топло време. Температурите ќе бидат над просекот за месецот, а УХМР апелира на внимателност и почитување на препораките за заштита од топлотниот бран.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy