Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов: Еден ер трактор на ДЗС успешно дејствуваше во повеќе налети врз пожарот до Преспанско езеро, додека вториот ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино
Македонија

Ангелов: Еден ер трактор на ДЗС успешно дејствуваше во повеќе налети врз пожарот до Преспанско езеро, додека вториот ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино

21/07/2025

AA

Еден авион ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно дејствуваше попладнево со повеќе налети врз пожарот кој беснее во близина на Преспанското Езеро, додека вториот ер-трактор беше ангажиран на фронтот кај Желино и селото Еребино, каде огнената стихија зафати голема површина од сува вегетација и нискостеблеста шума, инфомираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Покрај авионот, во акцијата за гаснење на пожарите е вклучен и полициски хеликоптер кој интервенира во прилепскиот регион, каде огнот се шири околу селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец. Ситуацијата таму е и понатаму сериозна поради тешко пристапниот терен и силниот ветер кој го разгорува пламенот.

Кон оваа критична зона е упатен и еден хеликоптер на Армијата на Северна Македонија, кој ќе се приклучи на гаснењето од воздух со цел да се спречи понатамошно ширење на пожарот и да се заштитат населените места.

-Нема опасност по куќи и други објекти, на терен има доволно ПП екипи како и локално население, вели Ангелов.

Институциите остануваат на терен и апелираат граѓаните да бидат крајно внимателни и да не предизвикуваат дополнителна опасност, имајќи предвид високите температури и ризикот од нови пожари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy