Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Топло и денеска – можни се слаби врнежи од дожд во западните предели
Македонија

Топло и денеска – можни се слаби врнежи од дожд во западните предели

27/10/2023

AA

ЕВРОПА – Во петок во југозападна, јужна и југоисточна Европа како во крајните северни и североисточни предели ќе преовладува стабилно време со локална облачност. Во останатите предели умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветер. Во северните и североисточните предели студено време со пад на температурите, локално со слаби врнежи од снег.

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и релативно топло време за овој период од годината. Во крајните јужни и источни предели преовладува претежно сончево време со локална облачност и топло време. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 18 до 25 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и релативно топло време. Локално во крајните западни предели со слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен југозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 17 односно до 27 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и топло време. Утринските температури од 8 до 16 степени, додека пак дневните ќе достигнат од 17 до 27 степени. Во недела по свежото утро со температури од 4 до 12 степени, во текот на денот сончево и топло време со дневни температури од 16 до 26 степени. Во понеделник и вторник во Македонија по свежото утро со утрински температури од 3 до 11 степени, во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време. Максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 25 степени.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy