
Тимчо Муцунски на отворањето на новите простории на Генералниот конзулат во Минхен: Подобрување на услугите за македонската дијаспора и зајакнување на економската соработка
Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше на свеченото отворање на новите простории на Генералниот конзулат на Македонија во Минхен. Во своето обраќање, Муцунски истакна дека ова отворање претставува значаен чекор кон подобрување на услугите за македонската дијаспора во Германија, особено за заедницата во Баварија, која е една од најбројните во Европа. […]