Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТИ-Македонија за случајот „Маѓар Телеком“: Задоцнета и селективна правда
Магазин

ТИ-Македонија за случајот „Маѓар Телеком“: Задоцнета и селективна правда

24/03/2023

AA

Транспаренси Интернешнл – Македонија преку соопштение до медиумите реагира на судската разврска околу случајот „Маѓар Телеком“. Реакцијата ја пренесуваме во целост: 

Едноставна споредба на содржината на информацијата на ТИ – Македонија од 2012 година и предметот кој се води во правосудниот систем на Република Северна Македонија укажува на селективност во постапката, со намера да се покаже минимален придонес кон борбата против корупцијата и да се одбегне водење на постапка против домашните функционери и поранешни политичари.

Основниот Кривичен суд во Скопје пресуди вина за обвинетите Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас во Случајот „Маѓар Телеком“ на кои им е пресудено во отсуство, бидејќи не се достапни за органите на прогон. Согласно пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл. 353 – в ст.4 в.в. со ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ и се осудуваат на казни затвор од по 8 години за секој од обвинетите.

Воедно со пресудата, обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари на оштетената Република Северна Македонија, како и судските трошоци за постапката.

Транспаренси Интернешнл Македонија го следи овој случај уште од 2012 година по објавата на резултатите од истрагата на американската куќа Вајт и Кејс покрената по укажувањата на внатрешната ревизија во Маѓар Телеком. Постоеле  сомневања  во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.

Анализата на ТИ-М покажа дека помеѓу 2000 и 2006 година мала група на поранешни високи извршни лица на Компанијата и на Македонски филијали на Компанијата, одобриле трошење од околу 24 милиони евра низ повеќе од 20 сомнителни договори за консалтинг, лобирање, и други договори (вклучувајќи одредени договори помеѓу Компанијата и нејзини филијали од една страна и филијали на Кипарска консалтинг компанија од друга страна).

Јавното обвинителство (ЈО) не повело постапка против организаторите на коруптивната шема и наредбодавците туку само против извршителите. Органите во САД ги товарат токму овие лица, занемарувајќи ги оние кои (ако не биле тие ќе биле некои други) само ја спровеле наредбата и формално ставиле потпис на документите.

Бројот на договори и трансакции кои ги третираат органите од САД е поголем од бројот на договорите и трансакциите што ги третираат органите на прогон во Р. Македонија.

Разлики постојат и во вкупната сума на пари. ЈО на Р. Македонија нема подигнато обвинение против правното лице, иако кривична одговорност за правните лица во нашето кривично законодавство има од 2004 година. Одговорноста за делата на неговата филијала во Република Македонија односно Македонски Телеком А.Д. Скопје, Маѓар Телеком непобитно ја признава во Спогодбата со Министерството за правда.

ПРИСТАПОТ ВО САД: Во САД сметаат дека се работи за коруптивна шема чии идејните творци и планери треба по судски пат да се соочат со последиците.

Во постапката во Република Македонија не се води постапка против: Организаторите на криминалната група, Правните лица, Посредниците и крајните корисници

Прашањето за опфатеност на дејствијата според македонското право истакнува околности поврзани со реформата во кривично законодавство која мора да се води со уште поголемо внимание отколку до сега:

Дејствија еднаш опишани и санкционирани според еден член од кривичниот законик, во негово подоцнежно изменување и дополнување доживеале своја разработка и биле преточени во друг член од Законикот, при што оригиналниот текст веќе не постои и според начелата на кривичното право понатаму не може успешно да се искористи во постапка против дело сторено претходно. Само колку за пример, делото предвидено со член 283 Создавање монополска положба и предизвикување растројство на пазарот од 14.09.2009 година се преточи во Спречување, ограничување или нарушување на конкуренција (Службен Весник на Р М бр. 114)

Интересот на ТИ-М произлезе од причини што дел од овие договори се тесно поврзани со филијали на Маѓар Телеком во Македонија како Македонски Телеком АД – Скопје и Камени Мост Комуникации АД – Скопје, а Вајт и Кејс истакнуваат основан сомнеж  со наводи за корумпирање на функционери и челници на политички партии во Македонија од страна на раководни лица во Македонски Телекомуникации АД, сѐ заради стекнување со погодности на пазарот на телекомуникациски услуги во 2005 година и 2006 година.

Transparency International  – Macedonia има изработено Информација уште во 2012 година заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година до 2007 година.

Едноставна споредба на содржината на информацијата на ТИ – М и предметот кој се води во правосудниот систем на Република Северна Македонија укажува на селективност во постапката, со намера да се покаже минимален придонес кон борбата против корупцијата и да се одбегне водење на постапка против домашните функционери и поранешни политичари, се вели во реакцијата на Транспаренси Интернешнл – Македонија, потпишана од претседателот на оваа организација Слаѓана Тасева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy