Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тетовските пензионери на протест побараа линеарно зголемување на пензиите
Македонија

Тетовските пензионери на протест побараа линеарно зголемување на пензиите

13/09/2023

AA

Пензионери од Тетово вечерва од 18 часот се собраа на градскиот плоштад за да искажат незадоволство и да побараат власта да ги зголеми ниските пензии затоа што тешко се справуваат.

– Бараме нешто што ни следува. Линеарно зголемување кај сите пензионери за 3.500 денари, покачување на минималната пензија на 18 илјади денари, да се врати бањско-климатското лекување на пензионерите, да се стават што повеќе лекови на позитивната листа, да нема партиципација при прегледи во здравство. Едноставно, работи што навистина ни следуваат, рече Селвер Мемети, претседател на Здружението на пензионери.

Пензионерката Ленче Симовска порача дека младите гледајќи ги проблемите на повозрасните си заминуваат од државата.

– Дали власта не гледа дека секојдневно излегуваме на улици и бараме спас за нашиот достоинствен живот. Денес изјавија дека само 6 отсто можеле да ни дадат. Велат дека пензискиот фонд немал пари. Не е точно тоа. Пензискиот фонд има пари. Прашањето е каде отишле тие пари. Секојдневно нашите деца и внуци не гледаат како излегуваме на овие протести и не прашуваат дали и тие ќе го доживеат ова. Дали и нив ги чека ваква иднина. Затоа тие деца денес ние бегаат по бел свет. Не бегаат тие од нас, бегаат од системот, се плашат за иднината, истакна Симовска.

Досега, пет недели по ред, тетовските пензионери се собираат пред објектот на Здружението на пензионери каде јавно ги истакнуваат нивните барања. Првпат минатата недела почнаа вечерни протести и на градскиот плоштад.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026
Македонија

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Навален крстот на црквата „Св. Јован Крстител“ во Скопје

22/07/2026
Македонија

Министерството за локална самоуправа обезбеди 50.000 литри вода за пиење

22/07/2026
Македонија

Општина Центар во вонредна мобилизација по невремето: Герасимовски ја вклучува

22/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар стивнува: Бројот на нови пациенти во болницата

22/07/2026
Македонија

Кризниот штаб во акција: Во Гостивар се поставуваат резервоари за

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44573
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, што претставува раст од 8,2 проценти во споредба

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026

На 21.07.2026 во 12:25 часот на ул.„Партизански одреди“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026

Денес се одржа координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој се сумираа штетите и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy