Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕТОВСКИОТ КОМБИНАТ ГО ЗНАЕ РЕЦЕПТОТ ЗА ДОБРА ЗАРАБОТКА – како „Тетекс“ прокнижи нето добивка од 660 илјади евра за девет месеци
Економија

ТЕТОВСКИОТ КОМБИНАТ ГО ЗНАЕ РЕЦЕПТОТ ЗА ДОБРА ЗАРАБОТКА – како „Тетекс“ прокнижи нето добивка од 660 илјади евра за девет месеци

27/10/2023

AA

Тетовскиот комбинат Тетекс ги објави резултатите од своето работење во првите девет месеци од годинава. Одлична добивка од 657 илјади евра во периодот од јануари заклучно со крајот на септември оваа година покажа неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех на таа компанија, објавен преку Македонската берза. 

Или, во однос на истиот период од минатата година тоа значи дека профитот се зголемил за повеќо од двојно, односно ако сакаме да го изразиме во проценти, тоа значи зголемување за 121 отсто.

Да видиме што вблијаеше толку да се зголеми нето добивката на тетовскипот комбинат.

Треба да се има предвид дека во првите девет месеци од годинава Тетекс оствари вкуупни оперативни приходи од 2,7 милиони евра. Во однос на истиот период лани тоа е пораст за дури 273 проценти!

Најголем дел од оперативните приходи, пак, се должи на приходите од продажбата, кои на тетовскиот комбинат му донеле 1,9 милиони евра, што значи пораст за 208 прпоценти во однос на претходната година.

Приходите од прподажба на домашниот пазар овде учествуваат со најголем дел, или од нив компанијата инкасирала 1,34 милиони евра, и во тој дел зголемувањето е за 128 отсто во однос на првите девет месеци од минатата година. 

А, иако се многу помали, приходите од продажба на странскиот пазар кои биле на ниво од 528 илјади евра, доживеале фантастичен пораст, и тоа се зголемени за 2.599 проценти во однос на лани, или се на незмисливо повисоко ниво од претходниот споредбен период. 

Прилично голем раст има и кај останатите оперативни приходи, од кои се наплатени 769 илјади евра, или тоа во одниос на истиот тајминг лани значи фантастичен пораст од 1.367 проценти. 

Од компанијата во своето образложение на финансискиот резултат велат дека приходите од продажбата на готови произвиоди се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки.

Нема подетално објаснување за кои и какви готови производи станува збор, со оглед што компшанијата се откажа од својот кор бизнис, а тоа е производството на текстил, но се гледа дека и останаа голем број објекти кои ги издава и од нив наплатува солидни кирии. 

Пораснале и оперативните расходи на тетовскиот комбинат, иако нивното зголемување не е толку драматично во споредба со приходите, односно за 148 проценти, штои сепак не е мал процент. 

Или, во првите девет месеци компанијата направила оперативни расходи од 1,96 милиони евра. 

Најдраматичен пораст на расходната страна има кај набавната вредност на продадените материјали, резервни делови, ситен инвентар, амбалажа и автогуми, за што се направени расходи од 493 илјади евра, а порастот е за дури 7.551 процент!

За плати и надоместоци на вработените Тетекс потрошил 312 илјади евра, што е зголемување за 36 проценти. 

Пораст има и кај финансиските приходи, а од компанијата велат дека во нив се евидентирани приходите од примени дивиденди во износ од 1,26 милиони евра, додека минатата година тие изнесувале 465 илјади евра. 

Финансики расходи оваа година имало, за разлика од истиот период лани кога такви не биле прокнижени. 

Од компанијата во своето образложение уште и додаваат дека заклучно со крајот на септември годинава друштвото ги има
подмирено сите обврски по кредити.

„Напорите на менаџментот на
ТЕТЕКС АД, во постоечките услови на работа, се насочени кон менаџирање
на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и на залихите
на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход и позитивен резултат
од работењето, согласно финансискиот план за 2023 година“, напишале менаџерите на компанијата во своето образложение за бројките од финансиските извештаи. 

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драматичен пад на нивото на Дунав ја загрозува романската нуклеарка:

11/08/2026
Македонија

ДУИ го кандидара Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница

11/08/2026
Македонија

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно

11/08/2026
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44959
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драматичен пад на нивото на Дунав ја загрозува романската нуклеарка: Се продлабочува речното корито за

11/08/2026

Романските власти започнаа итни зафати за продлабочување на коритото на реката Дунав со цел да се зголеми протокот на вода

ДУИ го кандидара Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница

11/08/2026

Демократската унија за интеграција (ДУИ) официјално објави дека Аркин Јахији ќе биде нивниот кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото

11/08/2026

Македонските организации, епархии и црковни општини во Австралија упатија заеднички апел до сите наши иселеници за масовно, јасно и достоинствено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy