
Тешко повреден параглајдерист од Полска откако удрил во карпа кај манастирот Траскавец
На 23.10.2023 во 19,05 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во близина на манастирот „Траскавец“ во прилепско, при удар во карпа се повредил параглајдерист Р.Г.Т.(44) од Р.Полска.
Од лекар од Итна медицинска помош Прилеп му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во приватна клиника за понатамошно лекување.

