
Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани, има жртви! (ВИДЕО)
Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на патот меѓу Штип и Кочани. Привично за несреќата известија од АМСМ од каде рекоа дека патот е целосно во прекин поради случена сообраќајна несреќа.
Локалните медиуми во штипскиот регион информираат дека станува збор за тешка сообраќајна нереќа меѓу едно тешко товарно возило и еден пикап. Според првичните информации има и жртви во несреќата.
Во моментов патниот правец е затворен за сообраќај, а формирана е и километарска колона во двете насоки. На трен се екипи на полицијата, Брза помош и пожарна.
Вешти лица работат на терен за утврдување на причините за несреќата.